САД и Кина го продолжија своето трговско примирје до 10 ноември, само неколку часа пред двете најголеми економии во светот да ги зголемат царините една кон друга, објави Би-би-си.
Повисоките царини ќе бидат суспендирани уште 90 дена, соопштија Пекинг и Вашингтон во заедничка изјава.
Разговорите минатиот месец завршија со тоа што двете страни ги нарекоа дискусиите „конструктивни“.
Во понеделникот, Трамп потпиша извршна наредба за продолжување на примирјето.
Според договорот, САД ќе ги задржат своите царини за кинескиот увоз на 30%, додека Кина ќе задржи царина од 10% за американската стока.
Најновото продолжување на примирјето ќе даде повеќе време за преговори за „поправање на трговските нерамнотежи“ и „нефер трговски практики“, соопшти Белата куќа.
Д. Мишев / Цивил Медиа