ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

August 12, 2025 12:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски ја враќаат „вмровската партиска мафија“ во Националната агенција за европски образовни програми, која управува со милионски фондови од Европската унија преку програмата „Еразмус +“, обвини потпретседателот на СДММ на СДСМ, Јовица Јанковиќ.

„Денеска објавуваме нов скандал на власта. Како пред очите на целата јавност, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно ја враќа вмровската партиска мафија во Националната агенција за европски образовни програми?“, рече Јанковиќ.

Тој посочи дека на 1 август, без транспарентност и без консултација со Европската унија, на местото в.д. директор на Агенцијата е назначена Ана Михајлов. Според него, назначувањето е контроверзно бидејќи Михајлов во минатото била „во самиот центар на најголемиот скандал во оваа институција“.

„Клучното прашање е што се крие зад назначувањето на Ана Михајлов на чело на Агенцијата? Ниту начинот, ниту времето на назначувањето воопшто не е случајно. Сега започнуваат локалните избори и најважно – завршува истрагата за предметите што ОЛАФ ги достави до македонското обвинителство“, изјави тој.

Јанковиќ се повика на официјалниот извештај на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) од 2023 година, каде, според него, „јасно е наведено дека постои основано сомневање за злоупотреба на над 2 милиони евра во периодот на претходната влада на режимот на Груевски, почнувајќи од 2016 година“.

„Идентификувани се повеќе од 50 физички и правни лица во Македонија и пет земји-членки на ЕУ, сите дел од вмровската шема. Преку вмровските внатрешни кадри, вработени во агенцијата, протекувале информации за апликанти и евалуатори. Надворешна фирма управувала со проекти на над 15 училишта, што претставува флагрантно кршење на грант-договорите“, рече тој.

Потпретседателот на СДММ нагласи дека од свиркачи во Агенцијата дознале за „силен притисок да се спречи истрагата на Јавното обвинителство“, токму поради тоа што „води до Ана Михајлов и нејзините најблиски фамилијарни и пријателски ангажирани евалуатори од ВМРО-ДПМНЕ“.

„Дали ова е причината да биде поништен претходниот конкурс за директор? По кој критериум е назначена токму Ана Михајлов и зошто токму сега? Дали зад назначувањето се крие вистинската намера на власта да ја блокира истрагата на ОЈО и ОЛАФ?“, праша Јанковиќ.

Тој порача дека „ова е враќање на вмровската мафија во Агенцијата“ и најави дека СДСМ ќе ја продолжи темата, информирајќи ја јавноста за сите детали и информации со кои располага.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Ана Михајловеразмус
Next Post

Шалтерот за издавање уверение за државјанство во МРТВ ќе работи до 19 часот

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

October 3, 2025

Герасимовски: Имаме 120 хигиеничари кои деноноќно работат заради нефункционалноста на Комунална хигиена

October 3, 2025
Фото: СДСМ

Филипче од Струга: Со конкретни мерки ги штитевме граѓаните во секоја криза, ВМРО-ДПМНЕ ги остави сами

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk