ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ со нови детали за скандалот со директорката: Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?

August 13, 2025 12:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

– Владата на ВМРО-ДПМНЕ е фатена во голем скандал. Лице под активна истрага на ОЛАФ, Европската канцеларија за борба против измами, Владата ja назначи за прв човек на Националната агенција која располага со парите од Еразмус +. Ова е голем пораз и за образовенниот систем затоа што целосно ја урива довербата на младите во институциите. И наместо да побара одговорност, министерката Јаневска вели дека „ќе се продолжела мисијата“. Која мисија? На партиските и бизнис интереси? ВМРО-ДПМНЕ се обиде да ја заташка вистината, но само дополнително ја закопа Владата, на прес-конференција изјави Јованче Манасков, претседател на Комисија за образование и наука на СДСМ.

„Велат дека назначувањето било „во координација“, обидувајќи се да избегнат одговор на клучното прашање: дали Европската унија дала согласност Ана Михајлов да биде избрана за в.д. директорка?

Според свиркачите кои до нас ги доставија информациите, одговорот е НЕ.

Напротив, нашите извори наведуваат дека од Брисел експлицитно било соопштено дека јавниот оглас кој бил објавен е нелегитимен и дека мора веднаш да се повтори за да има нови кандидати.

Свиркачите информираат дека меѓу причините за ова е токму кандидатурата на Ана Михајлов – најоспорената личност во целата постапка.

Наместо власта да ја почитува процедурата и да побара мислење од ЕУ за прифатливо лице, нахално и зад грбот на јавноста ја именува истата личност за в.д. директорка.

Зошто?

Од 2014 до 2017 година, во времето кога Михајлов (тогаш Митровска) била одговорно лице за евалуаторите во Националната агенција, заедно со својата кумашинка Дорина Ѓорчева Митровска биле доделени преку 8 милиони евра.

Дали овие 8 милиони евра биле доделени законски или се дел од истрага за проневера на европски пари?

Каква е улогата на Бошко Нелкоски – првиот директор на агенцијата и ментор на новата в.д. директорка? Дали во извештајот на ОЛАФ токму Нелкоски е посочен како иницијатор на организирана проневера и незаконско доделување на средства?

Каква е поврзаноста со фирмите „Силвер Лион Сервисес“ и „Агронимија Органика“? Дали овие фирми се дел од истата мрежа на сомнителни тендери и злоупотреби идентификувани од ОЛАФ?

Во чии џебови завршиле 8 милиони евра,  европски пари?

Одговорите на овие прашања го откриваат вистинскиот мотив зошто Ана Михајлов е назначена за в.д. директорка, иако е дел од истрагата на ОЛАФ.

СДСМ бара:

-Владата веднаш да ја разреши Ана Михајлов и да обезбеди услови истрагата на ОЈО да продолжи.

-Обвинителството да постапи по наодите на ОЛАФ и сите инволвирани во овој скандал да одговараат.

За злoупортреби нема место во образовниот систем.

Одговорност мора да има!“, истакна Манасков.

 

Next Post

Сто странски гости потврдени на 16. „Македокс“, 75 документарци ќе може да се видат на пет фестивалски локации

НАЈНОВО

Instagram

(ВИДЕО) Од какао до ремек-дело: Чоколадната уметност на Амори Гишон

August 13, 2025

Лазарини: Повеќе од 40.000 деца беа убиени или ранети во израелските напади

August 13, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Зеленски по состанокот во Берлин: Мојот став за присуството на украинските војници во Донбас останува непроменет

August 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Андреј Жерновски. Фото: ФБ

    Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Билјана Ивановска независна кандидатка за градоначалничка на Центар поддржана од Платформата „Независни заедно“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И сè ова е само почеток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ најави дека не може да се кандидира на следните избори и „не му паѓа на памет“ да го менува Уставот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен скопјанец, фрлал камења врз хеликоптер што полнел вода за да гасне пожари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk