ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Yon Idy со промоција на „Don’t Break It“ – нов сингл, видео и моќен настап во живо во Скопје

August 22, 2025 15:36
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, МАГАЗИН

Вчеравечер, во срцето на Скопје, не се одржа само промоција на нов сингл – се случи емотивна, интимна и културно значајна вечер. Yon Idy, еден од најистакнатите нови гласови на домашната музичка сцена, ја одбележа премиерата на својата нова песна „Don’t Break It“ со настап во живо со цел бенд, премиера на видеото и публика составена од артисти, новинари, музички професионалци и пријатели.

Настанот претставуваше симболичен влез во ново поглавје за Yon – откако неодамна потпиша ексклузивен договор со американската издавачка куќа NVAK Collective, со што стана првиот македонски артист кој добил ваков тип на договор со етаблирана американска етикета.

“‘Don’t Break It’ зборува за токсична врска низ која поминав,” изјави Yon пред изведбата. “За чувството на манипулација, беспомошноста, и за моментот кога знаеш дека доаѓа крајот, но сепак молиш срцето да не ти биде скршено целосно.”

Видеото е во режија на Ени Вучидолова, каде директор на фотографија е Роберт Божиновски и Ени Вучидолова, а прв асистент на камера е Марија Алтипармакова; целата продукција и фотографијата се реализирани од Two by Four Production – https://twobyfour.mk/about/

Песната настанала во Кочани, во соработка со продуцентот Јордан Манов, а подоцна е финализирана преку првата интернационална соработка на Yon со њујоршкиот автор Armen Paul и ирскиот продуцент со адреса во Лос Анџелес Levi Evans. Резултатот е парче музика што ја носи македонската сензибилност, но звучи глобално, современо и емотивно автентично.

По премиерата, Yon настапи со својот бенд во полно концертно издание, изведувајќи ги најголемите песни од досегашната дискографија – Blood Red, Walk Away, Ghosts, Reflections и други – во нови, моќни аранжмани кои го потврдија неговото уметничко созревање.

„Don’t Break It“ е првото од неколкуте нови изданија што ќе се објават во партнерство со NVAK Collective, како дел од внимателно осмислена стратегија за пласирање синглови, видеа и промотивни активности до крајот на 2025 година. Но, ова не е само личен успех – тоа е исчекор со огромно значење: Yon станува пионер од Балканот што успева да се позиционира во глобалната музичка индустрија, носејќи ја својата приказна од Скопје на светската сцена.

NVAK Collective, основана од уметницата и социјална претприемачка Tamar Kaprelian, е издавачка куќа од новата генерација, позната по својот иновативен, етички и уметник-на-прво-место пристап. Со преку 3 милијарди глобални стримови и хитови како SNAP на Rosa Linn, NVAK е споменувана во Billboard, Forbes, Variety и The Wall Street Journal како предводник на новиот бран во развојот на музички кариери.

Со „Don’t Break It“, Yon Idy поставува нов репер за тоа што значи да бидеш артист од Балканот во 2025 година. Со корени во локалното, а звук насочен кон светот – неговата музика станува мост меѓу двете.

Tags: „Don’t Break It“Yon Idy

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Yon Idy со промоција на „Don’t Break It“ – нов сингл, видео и моќен настап во живо во Скопје

August 22, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Оскаровецот Хавиер Бардем го осуди Израел: ИДФ се Нацисти!

August 22, 2025

Кац се закани: Градот Газа може да биде уништен, портите на пеколот ќе се отворат над Хамас,

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кац се закани: Градот Газа може да биде уништен, портите на пеколот ќе се отворат над Хамас,

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk