ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Промоција на книгата „Тело без душа“, прво авторско дело на Елена Цветковска

August 27, 2025 11:31
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Во поткровјето на Јавна соба (Public room), на 28 август со почеток во 18 часот ќе се одржи промоција на книгата „Тело без душа“, прво авторско дело на Елена Цветковска. Промоција ќе биде збогатена со настап на џез музичари, проекција на 15 минутен филм во контекст на содржината на книгата, разговор со гости од странство, духовни ментори Цветковска, и презентација на самата авторка на ова несекојдневно интимно четиво.

Нејзината прва книга „Тело без душа“ е инспирирана од лична болка, но преточена во мудрост која отвора врати кон нови перспективи за животот, болеста и смртта.

„Мојата книга е инспирирана од најдлабоката лична загуба, а тоа е смртта на мојата мајка. Таа истражува теми како договорот на души, изборот на родители и животни околности уште пред нашето раѓање, болеста како духовна лекција и смртта како враќање кон изворот на свеста. Книгата отвора поглед кон животните предизвици не како случајност или казна, туку како дел од повисок план кој ни овозможува раст, освестување и духовна зрелост.“, вели Цветковска.

За авторката: Елена Цветковска – Архитект, основач и автор

Родена и образувана во Македонија, дипломирала архитектура во Скопје. Професионалната кариера ја почнува во Штип, во една од најдобрите архитектонски компании во регионот. Голем дел од објектите во Технолошко-индустриската развојна зона во Скопје носат нејзин потпис – меѓу нив Van Hool, Vitek и други значајни индустриски и комерцијални комплекси. Работела на проекти од најразличен карактер, од урбанистичко планирање, преку изведбена документација, до комплетно водење на изведбата.

Пред шест години се преселила во Австрија. Нејзиниот професионален пат ја одвел во самиот врв, работејќи директно за клиенти со највисоки стандарди и углед. Денес работи самостојно и продолжува да соработувам со исто толку престижни имиња.

Покрај архитектонската кариера, последната деценија се посветува на истражување и работа на себе преку различни техники – хипноза, комуникација со подсвеста и надсвеста, длабока медитација и други методи за разбирање на умот и нашите внатрешни модели. Во последните години работи со Александар и Надиа, кои ќе бидат присутни и на промоцијата на нејзината книга.

И во архитектурата и во пишувањето, нејзината мисија е иста, да создаде нешто што останува.

Tags: Елена ЦветковскаТело без душа
Next Post

„СпејсИкс“ успешно ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

НАЈНОВО

Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025
Скриншот

Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир

August 27, 2025
Ray Giubilo / Instagram @raygiubilo

Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Задржани четири лица во врска со убиството во Кавадарци, се прибираат траги и докази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk