ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пукање во училиште во Минеаполис, тројца загинати, дваесет повредени

August 28, 2025 18:53
in ДЕНЕС, СВЕТ

Три лица се убиени, а 20 повредени во вчерашниот вооружен напад во католичко училиште во јужниот дел на американскиот град Минеаполис, соопшти американското Министерство за правда.

Меѓу загинатите е и напаѓачот, прецизираа властите.

Инцидентот се случи само два дена по почетокот на учебната година во Благовештенското католичко училиште – приватно основно училиште со околу 395 ученици, поврзано со Благовештенската католичка црква. Двете институции се наоѓаат во густо населен дел на најголемиот град во Минесота.

Полицијата од соседното предградие Ричфилд извести дека на местото бил забележан маж целосно облечен во црно, вооружен со пушка. Нападот го изврши за време на утринската литургија на која присуствувале децата.

Локалните телевизии емитуваа снимки на вознемирени родители кои се пробиваат низ полициската лента околу училиштето за да ги изведат своите деца.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е информиран за нападот и дека на самото место се испратени агенти на ФБИ. Министерството за внатрешна безбедност е во постојан контакт со локалните власти и ја следи состојбата, соопшти министерката Кристи Ноем.

Официјалните лица информираа дека во Минеаполис и претходниот ден биле регистрирани уште три вооружени инциденти во кои загинале три, а седум лица биле повредени.

Next Post

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk