ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фестивал на македонски филм во Хрватска: Прослава на класиците по повод Денот на независноста

September 4, 2025 09:54
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со свечено отворање на Фестивалот на македонски филм – македонски филмски класици, македонската Амбасада во Хрватска и македонскиот Културно – информативен центар во Загреб, во соработка со Кинотеката на Македонија, Советот за македонско – национално малцинство на град Загреб и Македонската православна црква во Хрватска, ќе го одбележат 8 септември, Денот на независноста на Македонија, соопштија денеска од македонскиот КИЦ – Загреб.

– Отворањето на Фестивалот на 8 септември, Денот на независноста на Македонија, е резервирано за почетоците на македонската кинематографија со ексклузивна проекција на целокупниот дигитално – реставриран филмски опус на браќата Манаки, првите сниматели на Балканот. Македонскиот КИЦ во Загреб, првото издание на патувачкиот Фестивал на македонски филм во Хрватска го посвети на македонските филмски класици. Во рамките на програмата ќе бидат прикажани четири долгометражни играни филмови и четири краткометражни играни филмови, што оставиле траен белег во македонската кинематографија. Тоа се филмски остварувања на реномирани македонски режисерски имиња, меѓу кои се Столе Попов, Љубиша Георгиевски, Милчо Манчевски, Димитрие Османли и Митко Панов, се додава во соопштението.

Благодарение на воспоставената соработка со „Хрватската мрежа на независни киноприкажувачи“, како што се наведува, селектираните македонски филмови ќе бидат прикажани низ 13 кино – сали во 13 градови во Хрватска, овозможувајќи пошироката хрватска публика да се запознае со историјата на македонската кинематографија.

Патувачкиот Фестивал на македонски филм е настан од особено значење, бидејќи претставува прв ваков фестивал надвор од државата, како и прва соработка од овој вид, се истакнува во соопштението, во која македонската кинематографија воспоставува директна комуникација со една интернационална мрежа на независни кино – сали, односно со „Хрватската мрежа на независни киноприкажувачи“.

– Оваа иницијатива на македонскиот КИЦ во Загреб ја позиционира Македонија на пошироката филмска мапа и го отвора патот за подлабока културна размена, вели директорот на Кинотеката на Македонија, Бошко Грујоски, се додава во соопштението.

Фестивалската програма, се наведува, ќе биде збогатена и со изложба на македонски филмски плакати, богат филмско-архивски материјал, што има значајно место во промоциската, визуелната и естетската перцепција на филмот како комплексен културен производ.

– Изложбата со наслов „Македонски филмски плакат 1952 – 2022, ќе биде поставена во македонскиот Културно информативен центар во Загреб. На оваа поставка, прва соработка од ваков вид меѓу македонскиот Културно – информативен центар во Загреб и Кинотеката на Македонија, ќе се прикажат автентични филмски плакати од антологиски филмови, чие графичко и ликовно решение претставува жив сведок на развојот на филмот како уметност и културно огледало на времето во кое тие филмови се создавале, пишува во соопштението.

Во пишаната изјава на директорката на македонскиот Културно – информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, се појаснува дека изложбата и филмската програма имаат за цел да ги доближат македонската култура и македонското филмско наследство до хрватската јавност, „потсетувајќи на заедничките културни врски и проникнувања што ја одбележаа некогашната заедничка филмска сцена“.

– Истовремено, тие претставуваат омаж на авторите, уметниците и плакатистите кои оставиле траен белег во историјата на македонскиот филм, смета таа.

Фестивалот на македонски филм во Хрватска е дел од Годишната програма на македонскиот КИЦ во Загреб, поддржан во рамките на Годишната програма за проекти од национален интерес на Министерството за култура и туризам.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Кривична пријава за петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за злоупотреба на службената положба

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп разгледува нови санкции против Русија

September 7, 2025
Папа Лав XIV Фото: Скриншот

Папата прогласи прв светец од Милениум генерацијата, 15-годишник компјутерски специјалист

September 7, 2025

Две тепачки пред угостителски објект во Скопје, приведен 18-годишен скопјанец кој се заканувал со пиштол

September 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сензација на Евробаскет: Финска ја елиминира Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски и Дарио Панковски: На 13 Септември голем концерт во Паркот на франкофонијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk