Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека пред да почне со најавената операција за освојување на градот Газа, во наредните денови ќе ги нападне високите згради во градот, за кои тврди дека се претворени во „терористичка инфраструктура“.
Во наредните денови, армијата ќе изврши прецизни и насочени напади врз терористичката инфраструктура што претставува директна закана за војниците, се наведува во соопштението.
ИДФ наведува и дека пред нападите, „ќе бидат преземени бројни мерки за минимизирање на ризикот од цивилни жртви, вклучувајќи насочени предупредувања, употреба на прецизна муниција, воздушен надзор и подобрено разузнавање“.