Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека синоќа пресретнале ракета истрелана од Јемен, што предизвика сирени за воздушен напад во повеќе области во Израел во текот на ноќта.
Жителите во Тел Авив и други градови се упатија во засолништа. Нема извештаи за повредени или голема штета, пренесе ДПА.
Хутите подоцна ја презедоа одговорноста за нападот.
Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа во октомври 2023 година, јеменското бунтовничко движење Хути, поддржано од Иран, постојано лансира ракети и дронови кон Израел, повикувајќи се на солидарност со Хамас.