Роберт Редфорд, еден од најголемите актери и режисери на своето време, почина на 16 септември во својот дом во Јута, на 89-годишна возраст.
Редфорд замина мирно, опкружен со своето семејство, во домот во планините кој со години беше негово прибежиште. Американскиот актер ќе остане запаметен како симбол на едно филмско време – со улоги во култни филмови како Butch Cassidy and the Sundance Kid, The Sting, All the President’s Men, The Way We Were и многу други.
Неговата режисерска работа му ја донесе и највисоката филмска награда – „Оскар“ за Ordinary People (1980). Покрај филмската кариера, Редфорд го основа Sundance Film Festival, кој стана светска платформа за независно кино и нови авторски гласови.
Со својата посветеност на уметноста, демократијата и заштитата на природата, Роберт Редфорд остави трајно наследство кое ќе продолжи да инспирира.