ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Трамп ја повика главната државна обвинителка да ги гони неговите политички противници

September 22, 2025 10:29
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика главната државна обвинителка Пем Бонди, да покрене поагресивни истраги против неговите политички противници.

– Не можеме повеќе да одложуваме, тоа ни го уништува угледот и кредибилитетот, напиша Трамп во објава на социјалните мрежи, директно адресирана до Бонди.

Трамп изрази фрустрација бидејќи „ништо не се презема“ и ја повика Бонди да ги истражи поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми, главната државна обвинителка на Њујорк Летиција Џејмс и демократскиот сенатор Адам Шиф, кој го водеше неговиот прв процес за импичмент. Набргу потоа, тој повторно сподели објава во која ја фали Бонди, наведувајќи дека „работи одлична работа“.

– Прегледав над 30 изјави и објави кои во суштина велат: истата стара приказна како минатиот пат, сè е само приказна, нема акција. Ништо не се презема. Што е со Коми, Адам ’Итриот‘ Шиф, Летиција??? Сите се проклето виновни, но ништо нема да се преземе‘“, порача Трамп во саботата.

На прашање за неговите коментари во неделата, тој го повтори својот став: „Мораат да дејствуваат. Мораат да дејствуваат брзо.“ Тој додаде дека верува оти „Пем Бонди ќе биде запаметена како една од најдобрите главни државни обвинителки на сите времиња“.

Изјавата на Трамп предизвика остри критики од демократите. Лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер, изјави дека „ова е пат кон диктатура“.

– Министерството за правда отсекогаш беше многу, многу силна државна служба, без разлика кој беше на чело, демократ или републиканец. Тие ги гонеа прекршителите на законот без страв и пристрасност, рече Шумер вчера за Си-Ен-Ен. „Тој го претвора во инструмент кој ги прогонува неговите непријатели, без разлика дали се виновни или не“, додаде тој, зборувајќи за претседателот.

Повикот на претседателот на САД дојде само ден откако федералниот обвинител Ерик Сиберт ја напушти својата должност. Трамп претходно изјави дека ја сака оставката на Сиберт поради неуспехот во гонењето на њујоршката државна обвинителка Летиција Џејмс за обвинувања за хипотекарна измама.

„Њујорк Тајмс“ јави дека Сиберт ги известил високите функционери на Министерството за правда дека нивните истраги не откриле доволно докази за покренување постапка против Џејмс. Таа, пак, ги отфрли обвинувањата како „неосновани“ и мотивирани од „одмазда“.

Трамп, меѓутоа, во саботата тврдеше дека Сиберт бил отпуштен. „Го отпуштив, а постои голем случај, и многу адвокати и правни експерти го велат тоа“, рече тој.

Уште од 1970-тите, Министерството за правда се трудеше да се позиционира како институција главно независна од претседателот. Сепак, Трамп ја прекрши таа норма. За време на својот прв мандат го отпушти главниот државен обвинител Џеф Сешнс бидејќи се иззеде од истрагата за руско мешање во изборите во 2016 година. Неговиот наследник, Вилијам Бар, поднесе оставка откако се спротивстави на лажните тврдења на Трамп за изборна измама во 2020 година.

За време на својата предизборна кампања, Трамп вети одмазда на бројни политички противници, вклучувајќи го и поранешниот претседател Џо Бајден. Тој презеде и конкретни чекори, укинувајќи ги безбедносните дозволи за пристап до доверливи материјали за неколку функционери, меѓу кои се Џејмс и окружниот обвинител на Менхетен Алвин Браг. Тој, исто така, отпушти неколку обвинители кои соработуваа со специјалниот обвинител Џек Смит во истрагите против него.

Next Post

Марина Костова е првата македонска филмска критичарка избрана за потпретседателка на Светската федерација - ФИПРЕСЦИ

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

November 6, 2025
Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk