Во Париз вечерва се доделува Златната топка (Ballon d’Or) за 2025 година, најпрестижното индивидуално фудбалско признание. Настанот се одржува на свечената церемонија во Théâtre du Châtelet, организирана од France Football и L’Équipe.
Ова е 69-тото издание на наградата, која традиционално ја доделува францускиот магазин France Football, во соработка со L’Équipe. Златната топка годинава ги опфати настапите на играчите во сезоната 2024/25, од август 2024 до јули 2025.
Златната топка се доделува од 1956 година, а Меси ја освоил наградата рекордни осум пати, додека Кристијано Роналдо бил најдобар пет пати.