Владата на ВМРО-ДПМНЕ повторно ја потврдува својата неспособност и расипништво. Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека секој ден се борат со растечките цени, Владата на Мицкоски и неговите министри не жалеа пари за сопствениот луксуз. После милионите евра за манго, папаја и бејби биф, сега дознаваме дека Службата за општи и заеднички работи на Владата троши 180.000 евра за апетисани – бадеми, лешници, ф’стаци и индиски ореви за сласт на власта!, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Ова е слика и прилика на власта на ВМРО-ДПМНЕ: нема пари за покачување на платите, нема пари за намалување на цените, нема пари за вистинска поддршка на граѓаните, но затоа има пари за нивниот раскош и уживање.
Граѓаните се оставени сами да се справуваат со кризата, додека власта се гоштева со бадеми, фстаци и сладоледи на нивна сметка. Тоа е најголемото понижување за народот.
СДСМ најостро го осудува ова расфрлање на јавни пари и ја потсетува власта дека парите од буџетот се пари на граѓаните, а не на Мицкоски и неговата партиска елита“, истакна Кузеска.