Менаџерот на Ливерпул Арне Слот потврди дека сопствениците на клубот во целост ќе го исплатат договорот на семејството на Диого Жота, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на почетокот на месец јули. Португалскиот фудбалер животот го загуби со сообраќајна несреќа заедно со неговиот брат Андре Силва во Шпанија.
Жота имаше уште две години од договорот со Ливерпул, а португалските медиуми шпекулираа дали клубот ќе исплати целиот износ од договорот. Менаџерот Слот потврди дека целиот договор е исплатен како финансиска помош за семејството.
– Можеби луѓето мислат дека тоа е нормално, но во фудбалот не е така, изјави Слот.
Претседателот на клубот Том Вернер изјави дека клубот преземал мерки за поддршка за сопругата на Жота, Руте Кардосо и за децата. Притоа истакна дека Жота беше извонредна личност и сакан во клубот не дека беше стрелец, туку дека беше искрен и сакан.
Во чест на Жота бројот 20 е веќе повлечен, а на Енфилд ќе биде поставена и скулптура од предметите кои навивачите ги оставија пред стадионот. Освен тоа амблем „Засекогаш 20“ ќе биде пришиен на дресовите на играчите.