ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

September 26, 2025 18:11
in ДЕНЕС, СВЕТ
Говор на Нетанјаху во ОН. Фото: Скриншот, видео Јутјуб, АП

Говор на Нетанјаху во ОН. Фото: Скриншот, видео Јутјуб, АП

Share on FacebookShare on Twitter

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја отвори 80-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во атмосфера што ретко се гледа. Штом зачекори кон говорницата, околу стотина делегати од различни земји станаа и ја напуштија салата во знак на протест против израелската политика во Газа.

Иако израелските дипломати и дел од публиката се обидуваа да го прикријат тоа со гласно ракоплескање и стоење, празните места беа јасно видливи. Службениците на ОН постојано повикуваа на ред поради метежот што настана во салата, а од галеријата се слушаа извици на незадоволство и свирежи. Американската делегација остана на своите места, додека палестинската мисија претходно ги повика државите координирано да ја напуштат седницата штом Нетанјаху почне да зборува.

Сцените пред зградата на ОН беа подеднакво напнати. Таму се собраа семејствата на израелските заложници, барајќи договор за нивно ослободување, додека противниците на израелската офанзива носеа транспаренти и повикуваа на прекин на војната.

Говорот го отвори со порака до Хамас

На самиот почеток, Нетанјаху рече дека Израел „мора да ја заврши работата против Хамас во Газа“. Потоа директно му се обрати на Хамас.  – Спуштете го оружјето. Ослободете го мојот народ. Ослободете ги заложниците. Сите нив, сите 48. Ако го направите тоа – ќе живеете. Ако не, Израел ќе ве лови, рече тој со повишен глас. Додаде дека по првпат директно им се обраќа на заложниците, надевајќи се дека ќе го слушнат преку разгласните системи поставени долж границата со Газа. Израелската војска потврди дека распоредила девет разгласни системи како дел од кампањата за влијание, но жителите во северна Газа и во Деир ал-Балах изјавија за Ројтерс дека не го слушнале говорот, туку само експлозии.

Поголем дел од своето обраќање Нетанјаху го посвети на одбрана на израелската воена кампања и на отфрлање на обвинувањата за геноцид. – Обвинението за геноцид е лажно. Се зборува дека Израел намерно цели кон цивили. Дами и господа, вистината е спротивна, рече тој. Со тоа реагираше на заклучоците на Истражната комисија на ОН, која минатата недела објави дека Израел извршил геноцид во Газа, што Израел го нарече пристрасно и неосновано.

Според податоците на здравствените власти во Газа, во речиси две години од израелската офанзива загинале повеќе од 65 илјади луѓе, а градот Газа и околните области официјално се прогласени за област на глад.

Зборуваше и за недостигот на храна, тврдејќи дека гладот не е последица на израелската политика, туку на активностите на Хамас. – Се вели дека Израел намерно ги изгладнува луѓето во Газа, додека Израел всушност ги храни. Ако има жители на Газа кои немаат доволно храна, тоа е затоа што Хамас ја краде, ја натрупува и ја препродава по високи цени, рече Нетанјаху.

Упати благодарост до Трамп

Израелскиот премиер во говорот повеќе пати го спомена и претседателот на САД, Доналд Трамп, кому му се заблагодари за акциите против Иран. – Сакам да му се заблагодарам на претседателот Трамп за неговата храбра и одлучна акција. Ја отстранивме егзистенцијалната закана за Израел и смртоносната закана за цивилизираниот свет, рече тој, тврдејќи дека израелските и американските акции ги девастирале иранската нуклеарна и балистичка програма. Нетанјаху ги наброја и воените успеси на Израел во изминатата година, наведувајќи дека израелската војска ја уништила инфраструктурата на Хамас, го ослабнала Хезболах и ги погодила највисоките команданти на Иран и неговите сојузници во регионот.

За дополнително да го засили ефектот на говорот, Нетанјаху користеше плакати и мапи, ги пречкртуваше имињата на противниците на Израел и на публиката ѝ делеше „квиз-прашања“ за тоа кој извикува „Смрт за Америка“. Во еден момент прикачи QR код на сакото, а претходно на говорницата покажа мапа на Блискиот Исток означена со зборот „проклетство“, тврдејќи дека станува збор за иранската „оска на теророт“.

На крајот, Нетанјаху повторно вети дека војната ќе трае додека Хамас не биде уништен како воена и политичка сила во Газа.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: НетанјахуОН
Next Post

Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава

НАЈНОВО

Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава

September 26, 2025
Говор на Нетанјаху во ОН. Фото: Скриншот, видео Јутјуб, АП

(ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

September 26, 2025

Шекеринска од Сараево: НАТО нема да дозволи безбедносен вакум во БиХ

September 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Група од 25 водечки тенисери во светот бараат поголем „колач“ од Гренд слем турнирите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ во ОН изјави дека Косово е „неразделен дел од Србија“ и дека се води „лажна кампања“ против Србија и Република Српска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk