ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сиљановска-Давкова на Форумот на светски лидери на Универзитетот Колумбија во Њујорк: Барањето за уставни измени нема ништо заедничко со Копенхашките критериуми

September 27, 2025 11:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нашиот пат кон Брисел наликува на маратон, маратон за кој понекогош мислам дека може да се прашаме „дали го чекаме Годо“. Ние го започнавме нашиот маратон во 2005 година кога ни беше даден кандидатскиот статус. Денес често се користи синтагмата дека Европа е незавршена симфонија без Западниот Балкан, а интересот за регионот порасна пред три години кога, за жал, почна војната во Украина, рече претседателката Гордана Сиљановска – Давкова пред студентите на Универзитетот Колумбија во Њујорк каде што одржа предавање во рамки на Светскиот лидерски форум.

Како што јави известувачот на МИА, таа пред академската заедница го елаборирше исходот од бесконечното одложување на ветувањето за европска интеграција на земјите од Балканот.

– Ние луѓето од Балканот секогаш сме се сметале за Европјани, бидејќи секогаш сме биле географски, историски и особено културно дел од Европа. Сега процесот на проширување е повторно на агендата на ЕУ, но не заради поголема Унија туку поради стабилноста, безбедностa. И ова е добра шанса за нас да бидеме на агендата по не знам кој пат, и да го зграпчиме моментумот. Но, во изминатите 30 години ние се обидовме да го зграпчиме моментумот многу пати, а резултатот е 36 амандмани на нашиот Устав, истакна Сиљановска – Давкова.

Таа укажа на искуството на балтичките земји кои во процесот на евроинтергација најголемата поддршка ја добија од своите соседи – скандинавските земји и станаа членки, за разлика од земјите од Западниот Балкан каде се појави ветото – членки на ЕУ го искористија својот статус на заштитени членови на семејството за да го спречат напредокот кон Брисел на свои соседи.

– Сметам дека ЕУ треба да ја преиспита својата позиција бидејќи дури и ЕУ денес е во криза. Претходно таа беше синоним за демократија, за владеење на правото, но денес не е така. Денес се соочуваме со криза на лидерство. Можеби односот помеѓу членките на ЕУ и земјите кандидати како нас е погрешен, бидејќи тоа е едноставно однос „слушај и направи“ затоа што вие сте тие кои сакате да ни се придружите. Правилата се јасни, тие се одлични, познати се како Копенхашки критериуми, но ветото не е дел од Копенхашките критериуми, истакна Сиљановска – Давкова.

Таа посочи дека проблемот со ветото во нашиот случај е што тоа не се заснова на почитувањето на Копенхашките критериуми туку на барањата кои доаѓаат од нашиот сосед кои немаат ништо со овие критериуми.

– Во Договорот за ЕУ, во Лисабонскиот договор, во Повелбата за основните права ќе прочитате дека ЕУ е горда што претствува единство на различностите и дека ги почитува културниот и националниот идентитет на нациите и државите, и ветото се однесува на овие области. Би го разбрала ветото доколку не го почитуваме владеењето на правото, но не и за работи кои се ад акта во едно демократско општество, како што е идентитетот кој е наше право на самоопределување. Нашиот легитимитет произлегува од граѓаните, ако го смениме Уставот поради волјата на некои земји членки, тогаш во Преамбулата би требало да напишеме „ние народот и меѓународната заедница“, а тоа не е во ред. Исто така верувам дека ЕУ има устав , тој не е кодифициран, но документите кои ги спомнав имаат конститутивно значење и сила. Затоа, ако ЕУ е за демократија и мултилатерализам, таа е исто така обврзана да ги почитува своите конститутивни документи, во спротивно станува збор за лицемерие, оцени претседателката Сиљановска – Давкова.

Во контекст на ООН, таа го повтори својот став дека се потребни длабоки реформи во Светската организација и оти можеби е време првпат по 80 години од нејзиното постоење жена да биде избрана за генерален секретар.

Потребна е, додаде, и промена на процесот на одлучување во ОН кој треба да ги превенира конфликтите, а не да делува пост фестум.

-Се уште верувам во ОН, тие се уште уживаат легитимитет. Но, понекогаш ме потсетуваат на Лигата на народите која заврши многу лошо. Не смееме да го дозволиме тоа, ајде да направиме нешто да продолжиме по патот кој го поставија основачите со почитување на Повелбата, на меѓународното право, на почитување на судските пресуди. Во спротивно го губиме времето, ја губиме битката. Без мир нема да може да ги реконструираме ОН, рече Сиљановска Давкова во обраќањето пред студентите на Колумбија Универзитетот во Њујорк.

По предавањето следеше сесија со студентски прашања за претседателката. Студентите изразија интерес за надворешната политика на државата, македонскиот Устав и внатрешното уредување, како и за состојбите во поширокиот регион.

Таа рече дека се чувствува како студентка, но и како професорка, дека студентите и недостигаат и дека ги практикувала сократовите методи, што значи дека ги учела студентите, но исто така била подготвена и да учи од нив.

Форумот на светски лидери е серија настани што се одржуваат преку целата година на Универзитетот Колумбија, на кој досега учествувале над 300 шефови на држави и светски лидери од над 85 земји, откако првпат беше основан во 2003 година од страна на тогашниот претседател Емеритус Ли Ц. Болинџер.

Целта на Светскиот лидерски форум е студентите, професорите, универзитетската заедница лично да ги слушнат ставовите на државниците, да се поттикне интеракција и меѓусебен дијалог.

Пред предавањето, претседателката Сиљановска – Давкова оствари средба со раководството на Универзитетот Колумбија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: МИА

Во Кочани 24. „Марш за ангелите“ - симбол на заедништво, достоинство и глас кој бара одговорност

НАЈНОВО

Муцунски на маргините на Генералното собрание на ОН на работен ручек со шефовите на дипломатиите од ЦЕИ

September 27, 2025

Филипче: Тотална дипломатска изолација на државните претставници во ОН, се губи меѓународната позиција на земјата

September 27, 2025

Ранѓеловиќ: Горан Герасимовски многу е можно да победи во Центар

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk