ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сиљановска-Давкова од Детроит: Државата ќе продолжи да вложува напори да ги зацврсти врските со дијаспората

September 28, 2025 10:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Кабинет Сиљановска - Давкова

Фото: Кабинет Сиљановска - Давкова

Share on FacebookShare on Twitter

Дијаспората мора да биде рамноправен партнер во градењето на Македонија како пристојно место за живот каде младите ќе остануваат и каде вие, иселениците, ќе ја остварите вашата потрага по среќа, рече претседателката Гордана Сиљановска – Давкова на гала-вечерата организирана од страна на Обединетата македонска дијаспора – ОМД во Детроит, во рамки на работната посета на САД.

-Трагајќи по среќата, некои од вас или од вашите родители, баби и дедовци, се населиле во САД и Канада. Каде и да сте, вие, иселениците, со многу труд, посветеност и жртва, создавате вредности и стекнувате почит во новите средини. Ве има во речиси секој сегмент на општествата – како успешни бизнисмени и менаџери, врвни научници и лекари, реномирани уметници и наградувани спортисти, реномирани публицисти и професори. Гледајќи ги примерите на Мајк и Мариен Илич, Џон Битов, Мајк Зафировски, Светлана Мојсова, Крис Павловски, да спомнам само дел од македонското иселеничко соѕвездие, некој би рекол дека успешните иселеници веќе ја достигнале среќата, рече Сиљановска – Давкова.

Како што јави известувачот на МИА, обраќајќи се пред големиот број иселеници кои, покрај од Детроит, беа дојдени и од други делови на Америка, таа го постави прашањето дали има вистинска среќа без идентитет, без чувство за припадност.

– За дијаспората, потрагата по среќа не завршува во туѓина туку продолжува кон Македонија. Вашата среќа во голема мера зависи од среќата на татковината, рече претседателката.

Таа притоа посочи дека од независноста наваму, успехот на македонската држава се мери според тоа дали таа е пристојно место за живеење и дали им нуди еднакви шанси за напредок на сите нејзини граѓани. Токму ова право, како што рече, е загрозено од корупцијата, „но и од долгогодишните неправедни блокади на нашите европски интеграции коишто ја исцрпуваа државата и сè уште ги фрустрираат македонските граѓани, повредувајќи го нивното, вашето, нашето достоинство“.

– Затоа, сè повеќе наши млади веруваат дека потрагата по среќа ги води надвор од нашата татковина. Иселувањето на младите стана најголемата закана за иднината на Македонија. За да го спречиме егзодусот, пред да биде предоцна, потребна ни е помош од дијаспората, рече Сиљановска – Давкова.

Според неа, во минатото се носеле одлуки коишто се одразувале и на македонската дијаспора без таа да биде консултирана. – Се правеле компромиси на сметка на симболите и атрибутите на македонската држава и на македонскиот идентитет. Ова е особено тешко, имајќи предвид дека иселеничка Македонија е побројна од домицилна Македонија. Да се занемари македонската дијаспора значи да се игнорира повеќе од половина од народот, истакна претседателката.

Таа смета дека таквиот однос доведе до отуѓување меѓу матицата и дијаспората и тоа на штета на државните и национални интереси, додавајќи дека сепак од двете страни отсекогаш имало луѓе со големо разбирање коишто ја одржуваа врската меѓу татковината и дијаспората.

– Дијаспората е дел од Македонија како што Македонија е дел од дијаспората. Мојата посветеност кон дијаспората е повеќе од изборна реторика. Нашата Влада подготвува петгодишна Национална стратегија за дијаспората, при што мојот Кабинет активно учествува преку свои претставници. Оваа стратегија треба да ѝ овозможи на дијаспората многу поактивно да се вклучи во јавната расправа и во зајакнувањето на државата. Дополнително, како што ветив во мојата изборна програма, планирам формирање на Совет за дијаспора при Кабинетот на Претседателот, рече претседателката Сиљановска – Давкова.

Поради тоа, додаде, „државата ќе продолжи да вложува напори да ги зацврсти вашите врски со Македонија“. Посочи дека политиките кон дијаспората мора да бидат непартиски и приоритетни, без разлика кој е на власт.

– Ни претстои голема работа. Земјите со силни дијаспори просперираат. Земјите со слаби дијаспори стагнираат. И тука не станува збор само за финансиски средства или за лобирање, туку за нешто многу подлабоко. Станува збор за пренос на вредности, споделување знаења и вештини, подигнување на очекувањата за животниот стандард, негување на поодржливи навики. Како што татковината треба да го чува минатото на дијаспората, така дијаспората е чувар на иднината на татковината, истакна претседателката.

За неа нема поубав начин да се заокружи посетата на Соединетите Американски Држави од средба со македонската дијаспора од Америка.

– А македонската приказна е навезена од семејни приказни, не само дома, туку и во дијаспората. Но, вашата приказна е и наша приказна, а нашата е и ваша и ќе трае сè додека се раскажува, рече во обраќањето претседателката Сиљановска – Давкова.

На настанот по повод 20 години Обединета македонска дијаспора, се обрати и претседателот на ОМД Арги Белио, кој рече дека нашинците од дијаспората секогаш помагаат онаму каде што е најпотребно и дека во татковината досега се инвестирани повеќе милиони долари. Тој најави дека поддршката од ОМД, која пред 20 години започна како движење, а сега е Дијаспора, ќе продолжи, бидејќи, како што рече, тоа се вика патриотизам.

На претседателката Сиљановска – Давкова од страна на коосновачот и почесен претседател на ОМД Мето Колоски и беше доделена наградата „Глобален државник“, додека Маријан Илич, македонско-американска стопанственичка, ја доби наградата „Ќерка на Македонија“. Поранешниот министер без ресор задолжен за странски инвестиции Џери Наумоф е добитник на наградата „Македонско наследство во јавната служба“. По повод 20-годишнината на ОМД беа врачени и наградите „40 под 40“, кои се доделуваат на 40 успешни Македонци под 40 години.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Полска крена авиони поради руските напади врз Украина; затворен воздушен простор на југоисток

НАЈНОВО

Од полноќ почнува кампањата за Локалните избори 2025

September 28, 2025
Последици од рускиот напад врз Кијив / Фото: Кирил Чуботин, Укринформ

(ВИДЕО) Зеленски: Русија ја нападна Украина со речиси 500 дронови и над 40 ракети вклучувајќи и Кинжал

September 28, 2025
Фото: Државна служба за вонредни состојби на Украина

Четири лица убиени меѓу кои и 12-годишно девојче, а десет повредени во руските напади на Кијив

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициските униформи без двојазичност – уставна и политичка бомба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР демантира: Не се забошотува случајот за возење со 185 км/ч, напротив, возачот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk