Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, заедно со еден од неговите викарни епсикопи, Никола е во Русија и служат литургија со Рускиот патријарх Кирил, пишува Религија мк.
Оттаму известуваат дека Литиргијата, на која учествува и Антониј, шефот на руската црковна дипломатија и уште неколку други архиереи на Руската црква е во манастирот Свети Сергеј Радоњишки, на Сергеов посед, близу Москва.
„Заминувањето на Петар и Никола за Москва беше инкогнито, бидејќи ниту неговата епархија, ниту пак црковниот портал Литургија.мк ја најавија неговата посета.
Ова е прв пат македонски архиереи да отатуваат во Москва, на служба со рускиот патријарх. На оваа литургија владиците Петар и Никола ќе се молат за победата на Русија во Украина и за спасение на Света Рус, молитва што Рускиит патријарх ја внесе во литргиите на Руската црква, по окупацијата на Русија врз делови од Украина, нешто пак што најголем дел од православните цркви го оценија како ерес.
Владиката Петар имаше намера да патува во Москва и пред речиси две години, но поради дипломатските односи меѓу Македонија и Русија, поради фактот што Русија ја иа вброено Македонија во списокот на непријателски земји, најверојатно тогашните безбедносни служи на државата не ја дозволија негово заминување за Москва. Како сега Петар и Никола отпатувале за Русија, особено по инцидентот во кој му беше забранет влез во Македонија на рускиот Архимандрит Васијан Змеев, и каква оценка дале безбедносните структури е непознато.
Петар е еден од ретките владици во Православниот свет, покрај владици на Српската и Бугарската црква, кои во Москва заминале на литиргија со Руската црква, по инвазијата на Русија врз Украина, и отворената поддршка што Патријархот Кирил ја дава на руските воени сили“, истакнуваат од Религија.мк.