Сефер Селими – Democracy Lab, политички аналитичар, на панел дискусијата на ЦИВИЛ – Демократско назадување: Импликации и последици, Научени лекции – Заштита на демократијата,истакна дека добро е за демократијата тоа што се уште „не умре“ граѓанскиот сектор.
„Оваа влада постојано работи во нарушување на меѓуетничките односи, префрлајќи ја вината на една политичка партија.
Не е здраво за општеството да се оди со тезата „Македонија на Македонците“.
Загрижен сум за стабилноста на нашата држава, бидејќи демократијата умира кога имаме безбедносни ризици.
Нашата држава има тенденција да ги следи стапките на Орбан.
Порано надворешен непријател ни беа Грција, па сега ни се Бугарија и по малку ЕУ. Внатрешен непријател тука се Албанците.
Медиумите веќе не се цензурирани туку се автоцензурирани кои немаат критички ставови кон власта“, рече Селими.
Преземено: Цивил Медиа