Белоруската тенисерка Арина Сабаленка попладнево загуби од Американката Џесика Пегула во полуфиналето на турнирот во Вухан со 6:2, 4:6 и 6:7 (2:7).
Мечот траеше 2 часа и 4 минути. Ова беше прв пораз на Белорусинката на турнирот во Вухан. Претходно таа имаше освоено 20 од 20 натпревари.
Американката ќе се соочи со својата сонародничка Коко Гоф во финалето.
Наградниот фонд на турнирто изнесува 3,7 милиони долари.