Францускиот претседател Емануел Макрон утрово го поздрави ослободувањето на живите израелски заложници од страна на исламистичкото движење Хамас и изјави дека тоа отвора пат за мир во Израел, Газа и регионот.
„Го споделувам чувството на радост со семејствата и со израелскиот народ, бидејќи седум заложници штотуку беа предадени на Црвениот крст,“ напиша Макрон на Икс, по пристигнувањето во египетскиот Шарм ел Шеик, каде што учествува на „Самитот за мирот“ посветен на состојбата во Газа.
Подоцна беа ослободени уште 13 заложници, и Хамас веќе не држи живи заложници.