Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оствари телефонски разговор со египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, јави телевизијата Ченел 12 Њуз.
Разговорот, кој според медиумите бил посредуван лично од Трамп во израелскиот Парламент, завршил со прифаќање на поканата од страна на Нетанјаху да учествува на меѓународниот самит за мировниот план на Трамп за Газа, што денеска се одржува во Шарм ел Шеик.
Египетскиот претседател досега избегнуваше директна комуникација со Нетанјаху и првично не го покани на Самитот.
На состанокот учествуваат и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, палестинскиот претседател Махмуд Абас, како и лидерите на Катар и Индонезија, заедно со уште околу триесет светски лидери.
Нетанјаху сè уште одбива да ја поддржи идејата за улога на Палестинската управа во управувањето со Газа по војната, додека Трамп не ја исклучува таквата можност.