ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Се воспоставува наградата „Роксан Стојанов“ за млади балетски уметници

October 15, 2025 15:24
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Националната опера и балет

Фото: Националната опера и балет

Share on FacebookShare on Twitter

Се воспоставува наградата „Роксан Стојанов“ за млади балетски уметници со цел да се охрабрат идните македонски таленти, информираат денеска Танц фест Скопје и Францускиот институт во Скопје. Наградата се воспоставува на иницијатива на примабалерината Роксан Стојанов, ѕвезда на Париската опера.

Овој натпревар во организација на Културниот центар Интерарт во соработка со Амбасадата на Франција во Северна Македонија и Францускиот институт во Скопје ќе биде отворен за млади балетски уметници помеѓу 16 и 20 години, кои ќе може да депонираат свои кандидатури во текот на оваа есен 2025 година и ќе бидат селектирани според прецизни уметнички и технички критериуми.

Селектираните кандидати ќе треба да подготват специјална и однапред одредена програма што тие ќе ја изведат во живо, пред интернационално жири, во текот на Скопје танц Фест, во периодот од 15 до 20 април 2026.

Наградениот уметник ќе има можност да престојува една недела во Париз, под менторство на Роксан Стојанов што вклучува часови и професионални средби.

Наградата „Роксан Стојанов“ ќе има почесен одбор, кој ќе придонесе со својата работа за развој на оваа иницијатива во земјава, но и на регионално ниво, на Балканот.

Роксан Стојанов е извонредна уметница, која својата танцова кариера ја започнува во Скопје, а понатаму се развива низ европски школи, влегува во Школата на Париската опера и се оформува како уметник со високи уметнички перформанси.

Во декември 2024 година таа е прва балерина со македонско потекло која е прогласена за ѕвезда на Париската опера.

Во април 2025 година ја прими наградата „Менада“ за извонредни достигнувања во областа на танцот, на 21-то издание на фестивалот Танц Фест Скопје.

Во својата кариера Роксан Стојанов изведува врвни улоги во дела од класичниот и современиот репертоар на Париската опера, со која гостува на интернационалната сцена низ Европа, Америка, Кина и Јапонија.

Сите податоци и отворениот повик ќе бидат објавени на страната на Интерарт културниот центар.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Роксан Стојанов
Next Post

Промоција на две книги поезија од Тихомир Јанчовски

НАЈНОВО

Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

October 15, 2025
Скриншот

Албанската опозиција бара разрешување на претседателот Бајрам Бегај

October 15, 2025
Фото: МИА

Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk