ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Претставата „Куршуми над Бродвеј“ премиерно на 18 октомври во Драмскиот театар

October 16, 2025 15:15
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Претставата „Куршуми над Бродвеј“ премиерно ќе биде изведена на 18 октомври во Драмскиот театар. Претставата е работена според текстот на Вуди Ален и Даглас Мекграт, а адаптацијата и режијата е на Ненад Витанов. Во претставата играат 15 актери, од кои 13 актери од Драмскиот театар и двајца гости дипломци од Факултетот за драмски уметности.

Директорот на Драмскиот театар-Скопје, Роберт Вељановски денеска на прес-конференција рече дека драго му е што на сцената на Драмски театар повторно ќе има луѓе кои подолг период не биле застапени на репертоарот.

-Ценам дека покрај естетските вредности и квалитети на претставата има и нешто малку повеќе од тоа. Неколку актери повторно ги актуелизираме на репертоарот. Иако е четврта продукција на Драмскиот театар за годинава, ова е трета премиера на сцената. Средствата кои беа предвидени се милион и двесте илјади денари, но театарот повторно ќе вложи уште 200.000 до 250.000 денари за да ја завршиме претставата. Не очекува интензивно полумесечие, ова што е пред нас, истакна Вељановски.

Тој изрази благодарност до техничките служби на театарот, до администрацијата, до помошно уметничкиот персонал кои многу вложиле во претставата.

-После премиерата на 18 октомври, веќе е скопската премиера на 23, 24 и 25 октомври на претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна“, а од 25 до 31 октомври е најновото издание на Фестивалот „Рута“. Во Драмскиот театар актерскиот ансамбл е неспорен по својата вредност и веројатно во целина гледано е најдобриот во Македонија. Имаме проблем со бројот на луѓето во техниката, додаде Вељановски.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Елена Вангеловска, а сценските движења се на Маја Каревски.

Витанов на прес-конференцијата рече дека во претставата се работи за непринципиелната коалиција на уметниците и мафијата. Навидум, посочи тој, тие два света никогаш не би се сретнале, но во театарот се е возможно да се сретнат и уметници и мафијаши и заедно да креираат уметничко дело.

-Неколку приказни се испреплетуваат една преку друга. Ја следиме приказната на младиот писател Дејвид кој идеалистички го размислува и креира делото, неговата претстава и доаѓа во судир со сите и неминовно мора да направи компромис, не еден туку неколку, а кога ќе почнат компромисите да се случуваат тогаш настанува ерозијата на човекот, кога ќе почне да се погазува самиот себеси. Ова е таа некоја генерална нишка на претставата. Инаку се работи за многу шармантно, духовито, забавно и луцидно дело кое актерите, соработниците и сите останати го изнесоа на многу високо ниво, додаде Витанов.

Актерот Игор Стојчевски, кој го игра ликот на драмскиот писател Дејвид Шејн, рече дека е еден идеалистички донекаде невротичен писател кој инсистира на еден концепт кој го има, еден уметнички интегритет да не промени ниту еден збор од својата драма за таа да стане покомерцијална и да се додвори на Бродвејската публика, но одејќи низ драмата гледаме еден по еден компромис прифаќа.

-На почетокот кажува дека е застапник на идејата дека уметноста е над човечкиот живот, дури и би жертвувал живот на некој човек за да ги спаси последните дела на Шекспир доколку би имал таква ситуација, но потоа соочен со убиството поради истата уметност во реалниот живот се крши и ја отфрла таа лажна слика, таа ладна идеологија која сфаќа дека не му одговара, додаде Стојчевски.

Актерката Јована Спасиќ која ја игра улогата на Олив Нил, поранешна стриптизета, девојка на Ник Валентин, кој е шеф на мафијата, рече дека голем дел од ликовите наликуваат на актерите кои ги играат, има сличности.

-Тоа што мојот лик е приглуп и поранешна старлета реков дека нема да го сфаќам многу лично. За мене беше многу возбудливо да го работам овој лик, затоа што од една страна ми понуди можности да истражувам во контра насока од тоа што сум, а воедно дополнително да ми направи едно задоволство со лик кој ме забавува и ме направи среќна. Знам дека оваа претстава ќе трае во Драмскиот театар, додаде Спасиќ.

Актерот Сашо Тасевски, кој ја има улогата на ганстерот Чич, рече дека сфатиле дека направиле цврста претстава во смисла на секоја секунда секој од актерите знае што прави, знае зошто го прави тоа, се е испреплетено, динамично со оглед на тоа што е комедија.

Актерката Калина Наумовска, која во претставата ја игра познатата актерка Еден Брент, на прес-конференцијата од име на актерите им се заблагодари на луѓето кои се зад сцената – суфлер, шминкер, фризер.

Претставата „Куршуми над Бродвеј“ на репертоарот на Драмскиот театар месецов е и на 22 и на 27 октомври.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Драмски театарКуршуми над Бродвеј
Next Post

Алиу: Болницата во Прилеп доби нова медицинска опрема во вредност над 50 милиони денари, во тек е и постапка за вработување 124 лица на неопределено време

НАЈНОВО

Судот на правдата на ЕУ: Ударот од гром во авион е оправдана причина за големо задоцнување

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
куче

„Лајка“ полни 5 години: Вдомете куче и почувствувајте го пулсот на хуманоста

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk