Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени денеска ја погоди Аргентина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Како што се наведува, епицентарот на земјотресот бил на 188 километри од градот Сан Луис, на длабочина од 122 километри, во регионот Ла Риоха.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.