Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс денеска во Ерусалим изјави дека разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа ќе бидат „многу тешки задачи“.
– Пред нас е многу, многу тешка задача, да го разоружаме Хамас и да ја обновиме Газа, да го направиме подобар животот на народот во Газа, но и да се осигураме дека Хамас нема повеќе да биде закана за нашите пријатели во Израел, посочи Венс пред средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Поголем број од точките на мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп сè уште не се исполнети, меѓу кои и разоружувањето на Хамас.