Британскиот возач на Мекларен, Ландо Норис, го презеде водството во генералнито пласман во Формула 1, откако синоќа ја освои Големата награда на Мексико.
„Беше одличен викенд. Мора да продолжиме во ист стил. Имав добар старт и добар прв круг и продолжив така. Ова е одлично, голема благодарност до сите фанови“, рече Норис по десеттата победа во неговата кариера,а шеста оваа сезона.
Втор низ целта со заостанување од 30 секунди мина Шарл Леклер во болидот на Ферари, додека трет беше актуелниот светски шампион Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул).
Големата награда на Мексико беше 20. трка во калнедарот на Ф1 по која сега води Норис со 57 бодови, еден повеќе од второпласираниот Пјастѕри, додека Верстапен е трет со 321 бодови.
До крајот на сезоната остануваат уште четири трки, во Сао Паоло, Лас Вегас, Доха и Абу Даби, како , и два спринта.
Следната трка е закажана за 9 ноември за ГН на Сао Паоло.





