Црна комедија што го истражува парадоксот на современиот човек сместена меѓу стенд-ап и исповед, оваа монодрама ги отвора прашањата за токсичната машкост, социјалната надмоќ и невидливите механизми на агресијата што ја обликуваат нашата секојдневност. Бојан Кирковски актерски отсликува серија на живописни и контрастни ликови – од скитници до милионери – претставата создава колаж од гласови кои, секој на свој начин, се обидуваат да ја задржат контролата во свет што одамна ја изгубил рамнотежата.
Премиерните изведби на претставата се закажани во 20:00 часот, во Театар Комедија на 4 ноември – претпремиера, 5 ноември – премиера, 6 ноември – прва реприза.
„КОСА: Пороите на бес“ комбинира хумор и хорор, сатиричност и болка, претворајќи го индивидуалниот немир во општествена дијагноза. Ликовите се смеат, навредуваат, се исповедаат и се распаѓаат, создавајќи еден непрекинат тек на емоции – помеѓу агресија и ранливост, гнев и самоиронија.
Игра: Бојан Кирковски,
текст и режија: Билјана Радиноска,
глас: Ненад Митевски,
аудио-монтажа: Душица Настова,
дизајн на плакат: Соња Ставрова
Претстава е продукција на Театар за Магдалена, Бојан Кирковски и Лист Продукција, а поддржана од Министерството за култура и Театар Комедија – Скопје.





