Во предлогот за федералниот буџет на Канада, денеска поднесен до Парламентот, предвидено е во следните пет години да се издвојуваат 81,1 милијарди канадски долари за зајакнување на вооружените сили.
Буџетот за 2025 година предлага издвојување од 81,1 милијарди долари во следните пет години … за реконструкција, вооружување и вложување во канадските вооружени сили, се наведува во документот.
Премиерот на Канада, Марк Карни вети дека Владата ќе ги зголеми воените расходи на два проценти од бруто домашниот производ до крајот на тековната фискална година.
Карни на Самитот на НАТО дополнително се обврза да го зголеми нивото на пет проценти од БДП (3,5 проценти директно потрошени за војската и 1,5 проценти за одбранбената инфраструктура).
Според предлогот за буџет 6,2 милијарди долари од оваа сума ќе бидат искористени за „проширување на одбранбените партнерства на Канада, вклучително и зголемување на воената помош за Украина и зголемување на воените вежби и меѓународните програми





