ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Битиќи и Миноски алармираат: По стопирањето на ИПАРД 3 загрозени се 11% од планираните инвестиции и европската доверба

November 10, 2025 20:37
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката да се стопираат средствата од ИПАРД 3 Програмата поради неодамнешниот корупциски скандал во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, го вклучи алармот на јавноста но и донесе неизвесност во аграрот, еден од најважните стопански сектори во државата.

Економистите Фатмир Битиќи и Кирил Миноски за 24инфо.мк велат дека ова е удар како за земјоделството, така и за репутацијата на Македонија во Брисел.

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на руралните средини и поддршка на агробизнисите. Во рамките на претходната програма, ИПАРД 2, беа реализирани над 2.300 проекти, што ја позиционираше Македонија како регионален лидер во искористувањето на европските фондови. Блокадата го доведува во прашање континуитетот на тој напредок. Иако на макроекономско ниво блокадата претставува помалку од 1% од БДП, за земјоделството ефектот е значаен, над 11% од планираните инвестиции се загрозени. Ова ќе предизвика реални ризици за забавување на модернизацијата во земјоделството, намалување на конкурентноста на домашното производство, намалување на вработеноста во руралните средини и сериозно поткопување на воведувањето на европски стандарди во земјоделството“ смета пратеникот Фатмир Битиќи кој едновремено беше и вицепремиер за економски прашања.

За некогашниот министер за финансии, Кирил Миноски пак, ваквиот потег може сериозно да го забави земјоделскиот сектор и развојот на руралните средини

„Блокадата на средствата од ИПАРД 3 во износ од 128 милиони евра може сериозно да го забави развојот на земјоделството и руралните средини. Овие средства се важни за модернизација, нови инвестиции и конкурентност на македонските производители. Ваквиот застој испраќа и негативен сигнал кон Европската унија во однос на управувањето со фондовите. Се надевам дека ситуацијата ќе се расчисти и дека блокадата нема да се случи“ вели Миноски.

И Битиќи се надева на брза разрешница на корупцискиот скандал со цел програмата да продолжи со својата реализација.

„Брзото расчистување на случајот и зајакнувањето на контролите се од суштинско значење за да се избегне целосно губење на средствата и да се зачува довербата на европските институции. Во спротивно, блокадата може да остави длабоки последици врз земјоделството, руралниот развој и економијата во целина“ заклучи Битиќи.

Next Post

Министерство за финансии: Донесена одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фронтлајн

(ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

November 10, 2025

Николовски: Се потврди скандалот со ИПАРД

November 10, 2025
Фото: Скриншот

Ѓорѓиевски: Над 300 милиони е вкупниот долг на ЈП, до денес се над 500 отпуштени кои не доаѓале на работа

November 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    ВЛЕН: Непознавањето на албанскиот јазик на Јаневска не треба да води до фрустрација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фрчкоски: Македонија е доведена до еутаназија, на власта ѝ преостанува да почне со прогон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска-Давкова: Заклетвата е обврска кон државата, но и кон вистината и правдата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стоечки овации за македонското трио Анимато во Тирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk