Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ги сподели своите впечатоци од победата на Големата награда на Бразил.
Британецот стартуваше од пол-позицијата и заврши на првото место. За време на церемонијата на искачување на подиумот, публиката го исвирка.
Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, заврши втор, додека Макс Верстапен од Ред Бул заврши трет.
– Неверојатна трка! Ја посветувам оваа победа на еден од моите ментори, Жил де Феран. Викендот беше совршен. Едноставно престанав да ги слушам луѓето што за мене. Се фокусирав на себе. Тимот заврши фантастична работа, давајќи ми одличен автомобил. Беше одлична победа, но гледајќи колку беше брз Макс, разочаран сум што не бевме побрзи, изјави Норис за „Скај Спортс“.
Норис е на врвот на табелата со 390 поени, 24 пред клускиот колега Оскар Пјастри, кој е втор. Верстапен (341) е трет.





