Театри од Полска, САД, Хрватска, Англија, Бугарија и Македонија ќе учестуваат на најновото издание на „Битола Шекспир фестивал“.
Од НУ Народен театар-Битола, домаќин и организатор на фестивалот информираа дека 11-то издание се совпаѓа со 14-ти ноември, денот на основањето на првиот македонски театар.
-„Битола Шекспир фестивал“ ќе го отвориме со роденска премиера на шекспировата претстава „Макбет“ во режија на Сабо Иштван, наш гостин од Унгарија. Во периодот до 21 ноември, пибликата ќе може да ги погледне и претставите на гостите од Полска со „Дванаесеттата ноќ” во изведба на Драмски театар „Александар Венгерко“ од Бјалисток, потоа „Крал Лир” во изведба на актерите од „Lit Moon Theatre”-САД, претставата „Јас Писблосом“ ќе ја изведат катери од Хрватска и Англија, додека пак драмскиот театар „Стојан Бочваров“ од Варна, Бугарија ќе гостува со претставата „Како што милувате“, посочија од НУ Народен театар-Битола.
На „Битола Шекспир фестивал“ освен домашните актери, на големата сцана „Благој Стефановски-Баге“ ќе настапат и актери од театрско здружение „Артема театарска лабараторија“ кои ќе ја изведат претставата „Еволуција на распадот“ во режија на Дамјан Димовски, додека пак Здружението на граѓани „Тим Театрос К. Скопје“ ќе ја претстави кореодрамата „Само ти(и)ја“ во режија на Војо Цветановски.
„Битола Шекспи фестивал“ годинава се игра под мотото -стореното неможе да се поништи.





