ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Истокот e сè уште можен“ – интернационална групна изложба во Музејот на современата уметност

November 13, 2025 11:21
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: МСУ

Фото: МСУ

Share on FacebookShare on Twitter

Во Музејот на современата уметност во Скопје (МСУ) денеска ќе биде отворена интернационална групна изложба „Истокот e сè уште можен“.

Изложбата, составена од избор на дела од колекцијата „Артист 2000+“ на Модерна галерија и националните колекции од Љубљана, во дијалог со колекцијата на солидарноста на Музејот на современата уметност во Скопјe, се занимава со постојано еволуирачкиот сеприсутен потенцијал и визија за трансформација и регенерација, како и постојаното повлекување кон трагедијата на секојдневниот живот, наведуваат од МСУ – Скопје. „Истокот e сè уште можен“ е продолжение на соработката меѓу МСУ – Скопје и МГ+МСУМ, Љубљана што започна со заедничката изложба „Ткаење светови: Колекции во разговор“, која се отвори во февруари 2025 година во Музејот на современа уметност „Метелкова“, Љубљана.

На изложбата ќе бидат изложени дела на Марина Абрамовиќ, Маја Бајевиќ, Гета Братеску, Јозеф Бојс, Ала Георгиева, Томислав Готовац, Јон Григореску, Група конструктивисти од Трст (Аугуст Чернигој, Едуард Степанчич, Џорџо Кармелич), Власта Делимар, Брацо Димитријевиќ, Оршоја Дроздик, Христина Иваноска, Ѓорѓе Јовановиќ, Иван Кожариќ, Катаржина Козира, Александар Косолапов, Андреја Кулунчиќ, Владимир Купријанов, Лајбах, Казимир Малевич, Горанка Матиќ, Алекс Млинарчик, Петре Николоски, Ахмет Огут, ОПА, ОХО, Ирена Паскали, Геза Пернецки, Душан Перчинков, Марко Погачник, Дмитриј Пригов, Нихад Нино Пушија, Јозеф Робаковски, Дритон Селмани, Недко Солаков, Младен Стилиновиќ, Раша Тодосијевиќ, Ендре Тот, Игор Тошевски, Горан Трбуљак, Симон Узуновски, Стано Филко, Венко Цветков, Виолета Чаповска, Что Делат и Небојша Шериќ-Шоба.

Изложбата „Истокот e сè уште можен“ се одвива во два меѓусебно поврзани сегменти, при што секој од нив прераскажува посебни приказни.

Сегментот насловен „Покажи ми ги твоите рани (регенерација)“ ги опфаќа приказните за „Телото како простор за отпор“; „Идеологии и субверзии“ и „Иронијата и апсурдот како стратегии на критичка дистанца“. Овој дел ги испитува телото, јазикот и иконографијата како места преку кои уметниците изведувале, се спротивставувале и ги поткопувале идеолошките и афективните режими.

Другиот сегмент насловен како „Нова реалност како артефакт на трансформација“ ги прераскажува приказните за „Документирање на реалноста“ и „Утопијата како простор на општествени алтернативи“.Тој ги испитува документацијата, меморијата и утописките спекулации како методи на уметничко ангажирање и со историската и со можната иднина.

Колекцијата „Артист 2000+“ е првата музејска колекција фокусирана на повоените источноевропските авангардни уметнички практики во поширок меѓународен контекст. Од своето основање во 2000 година, таа обезбеди длабински увид во уметничката проодукција на регионот, осветлувајќи ги општествените и политичките предизвици со кои се соочуваат уметниците во поранешните социјалистички земји. Колекцијата се појави во рамките на својот „простор на изразување“ и во однос на геополитичката територија на Источна Европа и во однос на концептуалниот простор обликуван од моќ, идентитет и дискурс. Од самиот почеток, колекцијата поттикна размислување за процесите на историцизација: Кој ја пишува историјата на уметноста, за кого и со каква намера? Во исто време, колекцијата создава услови за критичко редефинирање на постојниот уметнички канон, отворајќи простор за разновидни и честопати занемарени наративи.

Колекцијата на солидарноста на Музејот на современата уметност – Скопје настана како израз на глобален одговор на катастрофата, земјотресот што го разурна градот во 1963 година. Одговарајќи на повикот за уметничка солидарност, уметници од целиот свет подарија свои дела, заеднички креирајќи колекција заснована на меѓународна размена, одговорност и дијалог.

Изложбата ја реализира Музејот на современата уметност – Скопје, со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија како проект од национално значење за 2025 година.

Tags: Истокот e сè уште моженМСУ
Next Post

Недела на јапонски филм во Кинотека

НАЈНОВО

Украина заедно со САД започнаа со производство на дронови-пресретнувачи

November 13, 2025

„Зелено светло“ за измени на Законот за правата на помалите заедници – оди на пленарна седница

November 13, 2025

ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk