Казахстан денес ремизираше 1:1 со Белгија на домашен терен во квалификациски натпревар за Светското првенство во 2026 година.
Дастан Сатпаев, го отвори резултатот во 9. минута. Белгија изедначи со голот на Ханс Ванекен во 48. минута.
Домаќините последните десеттина минути ги одиграа со фудбалер помалку по исклучувањето на Ислам Чесноков во 79. минута.
Казахстан, со 8 бода по 8 натпревари, е четврти во Групата Ј, додека Белгија, со 15 бода од 7 натпревари, е прва. Македонската репрезентација е втора со 13 бода и со теоретски шанси за директен пласман на Мундијалот следната година.





