Театарот „Чекори“, сабота 22.11 2025 во 20 часот, во Makka bar, ќе ја изведе претставата „ЕХО НА ЗАБОРАВОТ”. Автор на претставата е Ирем Генишел Бешкоска.
Играат: Михаил Митевски Иван Делиманов, Никола Кузманоски, Јована Гаврилоска, Никола Димевски, Маја Ѓурчевска, Валентин Видовиќ.
„Ехо на заборавот“, е модерна трагедија што ја истражува темата на менталното здравје, идентитетот и општествената стигма преку приказната на млад геј маж што живее со шизофренија.
Влезници по цена од 300 денари, ќе може да се набават на самиот влез, пред почеток на претставата.
Претставата е наменета за лица над 16 години
Претставата содржи сцени кои можат да бидат вознемирувачки.





