Македонската опера и балет информира дека на нејзиниот репертоар е вклучена балетската претстава за деца „Доктор Офболи“, наменета за најмладата публика.
Како што соопштуваат од МОБ, претставата преку музика, танц и сценска игра обработува теми поврзани со грижата, сочувството и одговорноста, со цел на децата да им се приближат основни човечки вредности на разбирлив и визуелно привлечен начин.
„Доктор Офболи“ е балетска приказна која, според МОБ, ја поттикнува фантазијата и љубопитноста кај децата, придонесува за развој на емоционалната интелигенција и создава позитивен однос кон културата и сценската уметност уште од најрана возраст.
Од Македонската опера и балет посочуваат дека претставата е дел од нивната програмска определба за негување културни содржини за деца и младинци, во време кога вниманието на најмладите е сè почесто насочено кон дигитални и краткотрајни содржини.





