На 87 годишна возраст, во Гостивар почина Костадинка Ѓорѓиоска Палазова, доајен на македонската изворна песна.
Жалната вест ја пренесоа од нејзиното семејство и потврдија дека синоќа (28 јануари 2026 година) починала по кратко боледување во Гостивар каде и постојано живееше.
Костадинка Палазова низ кариерата соработувала со многу значајни композитори и продукциски куќи.
Во музичката ризница ќе остави над тристотини снимени народни песни, кои потекнуваат и тематски се врзани за егејскиот крај.
Со ова, Палазова се вбројува меѓу македонските автори и пејачи кои оствариле завидна артистичка кариера.





