Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вчерашното гостување на емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 на критиките за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски порача дека тој ќе се врати и ќе ја одлежи затворската казна.
„Груевски ќе се врати и ќе ја одлежи казната“, порача Спасовски.
На прашањето дали е сигурен во таа изјава, министерот само кусо го потврди својот одговор.





