ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Одбележан Меѓународниот ден на царината, доделени пофалници и признанија

January 26, 2021 17:54
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Царинската управа на Република Северна Македонија и оваа година се вклучи во одбележувањето на 26-ти јануари, Меѓународниот ден на царината. Oвој пат, за разлика од останатите, овој ден e посветен на здружените напори на Царината насочени кон излез од кризата предизвикана од пандемијата КОВИД-19 и поддршка на луѓето и бизнисите преку зајакнување на глобалниот синџир на снабдување, поблиска соработка, искористување на технологијата и ставање на „луѓето“ во центарот на процесот на трансформација под слоганот „Царината – подлога за опоравување, обнова и отпорност за одржлив синџир на снабдување “, известуваат од Царинската управа.

Поаѓајќи од исклучително тешката година на царинските службеници, од Царинската управа е одлучено оваа година пофалниците од Генералниот секретар на Светската царинска организација, Кунио Микуријa, за посебни заслуги, под наведеното мото „Царината – подлога за опоравување, обнова и отпорност за одржлив синџир на снабдување“ да ги додели на царинските службеници, институциите и организациите,  кои со своите активности се издвоија како заслужни во воспоставување на одржлива и конструктивна бизнис околина и изнаоѓање решенија за справување со кризата предизвикана од пандемијата КОВИД 19.

Директорот на Царинската управа м-р Горан Сугарески официјално додели пофалници на следните институции и лица:

Царинска испостава Ќафасан 5071- за постигнати добри резултати во тековното работење, во  текот на 2020 година, во услови на КОВИД 19,  на полето на откривачки дејствија изготвенизаписници за Царински прекршоци  и имплементирање на проектот за Зелени коридори.

Витаминка А.Д Прилеп, компанија која успешно го доби статусот на Овластен Економски Оператор во 2020 година, (Царински поедноставувања,безбедност и сигурност)

Ултра, за ургентен развој на Модулот Ковиди

Управителот на компаниите Викторија Шпед и Фалкон Логистик – Џино Шкриељ, кои во своите активности и организација на работа,  се издвојуваат во воспоставување на одржлива и конструктивна бизнис околина и изнаоѓање решенија за справување со кризата предизвикана од пандемијата Covid-19, во особено отежната услови на работење, со воведувањење на сменско работење и максимални мерки на заштита на вработените и на клиентите, обезбедувајќи непречен проток  на стоки, достава на пратки до врата со цел  да се спречи ширењето на вирусот  и воведување на  paperless  работење во услови на кризата со Covid-19.

Огнен Наумов и Валдет Адеми – за активно и посветено работење на имплементација на сите забрани и ограничувања за спречување со пандемијата, вградување на забрани и ограничувања за извоз, имплентација на низа надворешно- трговски мерки за спречување на пандемијата, но и имплементирање и на одредбите на Законот за оданочување на моторни возила и Законот за регистрација на странски возила.

Ѓорѓи Наумовски и Офелија Бајо – за активно работење на имплементација на дигитални решенија за Е-царина и безхартиена царинска околина, како средство за непречено движење на стоките преку граница

Лидија Лекоска и Ирина Нелковска – за активно и дополнително учествување во преговорите за Договорот за слободна трговија со Обединотот Кралство, транзициони правила за потекло со ЕУ, Брегзит, со цел непречено одвивање на трговијата

Зорица Ашиковска и Јане Саздов – За имплементација на модулот Ковид во ЕХИМ

Здравко Велјановски – за навремена имплментација и поддршка на корисниците за примена на видеоконференциските алатки  Webex и Teams

Александра Илиевска Мишковска и Беким Хазири – за воспоставување на одржлива и конструктивна бизнис околина и изнаоѓање решенија за справување со кризата предизвикана од пандемијата КОВИД 19, во особено отежнати услови на работење

Маја Димчева и Љупчо Чингоски – кои се истакнаа со своите активности и организација на работа во воспоставување на одржлива и конструктивна бизнис околина и изнаоѓање решенија за справување со кризата предизвикана од пандемијата КОВИД 19, во особено отежната услови на работење.

Илија Јаноски – за успешно предводење и учество во активностите на Одделението за меѓународна соработка. Изминатава година  е постигнат исклучителен успех во интерес на Царинската управа, во сите области на делување на Одделението: зајакната соработка на меѓународно ниво, планирање и изработка на документација за проекти од ИПА 3 фонд, координација за непречена и навремена реализација на тековните проекти, навремени реакции за обезбедување на превод и кореспонденција со сите служби на меѓународно ниво, прибирање на податоци и изработка на потребните извештаи до ЕУ.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Попладневен преглед: Кривична за фалсификување против екс-градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ Марјан Ристески, УНИЦЕФ со поддршка на реформите на МОН...

НАЈНОВО

ВИ

„Чет-ГПТ“ најавува содржина за возрасни: Ќе дозволи и еротика за верификувани корисници

October 15, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп предлага САД да го забранат увозот на кинеско масло за готвење

October 15, 2025

Кусакатска: Митески нека одговори, каде се ветените 100.000 квадратни метри ново зеленило во Аеродром?

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk