На овој денешен ден, 15 февруари – Меѓународниот ден на децата заболени од малигни заболувања, да бидеме со нив, со нивните родители, лекари и медицински сестри, во секој чекор и да најдеме начин и секој од нас да помогне во нивната битка да ја победат болеста и да му се вратат здрави на безгрижното детско секојдневие.
Да направиме и ние чекор или два заедно со нив, да ги охрабриме со нашата поддршка, донации и охрабрување за да знаат дека не се сами.
Ако секој од нас направи чекор, и ние можеме да бидеме дел од подобрената стапка на лекување на детскиот карцином на Универзитетската клиника за детски болести, каде што за лекување се користат тераписки протоколи препорачани од Европската асоцијација за педијатриска хематологија и онкологија кои се користат во сите Европски земји.
Да учествуваме во трендот кој последните години покажува дека канцерот не е несовладлив, дека со раното откривање и навремената реакција почесто ќе го слушаме ѕвоното во Одделот за хематологија и онкологија при Клиниката за детски болести.






