ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Објавен јавниот повик за Школата за политики за 2021 година на Претседателскиот центар за политичко образование

February 16, 2021 16:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски објави јавен повик за Школата за политики организирана од Претседателскиот центар за политичко образование, што ќе се одржи во периодот од март до ноември 2021 година во рамки на четири едукативни семинари со еминентни предавачи и обучувачи од државата и од странство. Целта на Школата е поврзување на учесниците со различно професионално искуство, кои имаат желба со своите знаења и вештини да придонесат за позитивен развој на општеството.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, учесниците треба да се на возраст од 25 до 35 години, да се државјани на Република Северна Македонија, да го познаваат англискиот јазик, а познавање на друг странски јазик ќе се смета за предност, да имаат истакнато учество во општествениот и политичкиот живот во државата поттикнувајќи позитивни промени, солидни познавања на општествената терминологија, а работното искуство ќе се смета за предност.

– Потребни документи за апликација се пријава која може да се симне од следниот линк, биографија во облик на Europass CV, две препораки од еминентни професори/работодавачи, релевантни за тематиката на Школата, есеј на зададена тема по избор: 1. „Мојот придонес за позитивни промени во нашата држава“ и 2. „Мојата визија за демократскиот развој на Северна Македонија“. Повеќе информации за Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование се достапни на https://pretsedatel.mk/pcpo/, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Селектираните кандидати ќе бидат повикани на усно интервју. Целосната апликација треба да се испрати најдоцна до 1 март 2021 година на l.matevska@president.mk.

Претседателскиот центар за политичко образование цели да организира инклузивни и пристапни настани кои ќе овозможат сите учесници, вклучувајќи ги и лицата со попреченост, целосно да учествуваат. За повеќе информации за пристапноста на настаните или апликацијата, заинтересираните може да се обратат на l.matevska@president.mk. Право на учество ќе имаат пријавените кандидати кои ги исполнуваат наведените услови и ќе достават целосна и навремена апликација.

Едукативните семинари ќе бидат одржани во согласност со протоколите за работа во време на пандемија со COVID-19, изготвени од Комисијата за заразни болести и усвоени од Владата на Република Северна Македонија.

 

/МИА/
Next Post

Ристовска: Мијалков ги дал насоките за ништење на системите за прислушување во УБК

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk