Единствена заедница во моментот којшто е бележана во Македонија е „Албанската етничка заедница“ којашто и во постојниот формулар на МВР за Лична карта се изјаснува етничката припадност, рече аналитичарот и граѓански активист Петрит Сарачини.
„Ако веќе зборуваме дека тоа е некакво одвојување моментално тие што по сопствена волја и барање се веќе бележани иако тој податок не им стои во Личната карта, но го даваат кога поднесуваат барање… Не. Не е ист Образецот, има посебен Образец за Албанците и посебен Образец за Македонците и другите. Не знам дали за ова е свесна јавноста, влезете на Сајтот на МВ, Образец 2 за лични карти“, рече Сарачини.
Сарачини рече дека не спомнал ниту еден аргумент на ниту една конкретна партија.
„Зборував за аргументи коишто се слушаат во јавноста и се (артикулираат) повеќе луѓе, аргументите на политичките партии се нивни. Јас сакам да кажам дека позитивната дискриминација во Македонија е одговор на негативната дискриминација која траеше со децении за која е свесен г. Трајанов и сите во земјата, и тоа е нашиот одговор како Општество, ги поправаме грешките на претходните генерации. Како што сега некоја генерација зема кредит, а ќе ја враќа некоја друга генерација“, рече Сарачини .