ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Главните ризици се помалку конвенционални, а многу повеќе хибридни

February 23, 2021 15:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Уште во стратешкиот одбранбен преглед што го носевме пред членството во НАТО, како подготовка на домашните реформи, кажавме дека главните ризици се помалку конвенционални, а многу повеќе хибридни и оти капацитетите за справување со овие ризици навистина мора да бидат помобилни, пофлексибилни и да одговараат на тие нови предизвици, одговори министерката за одбрана радмила Шекеринска на новинарско прашање како нашата држава, САД и НАТО ќе се справат со хибридните безбедносни закани.

Од 2022 година, информира таа, ние главно ќе придонесуваме согласно побарувањата на НАТО и одбранбените способности кои од нас ги очекуваат, ќе придонесуваме со конвенционални сили. Меѓутоа, потенцира Шекеринска, и дома ги градиме капацитетите за овие нови закани – хибридни, сајбер закани.

– НАТО како сојуз вели вака, мора да се подготвуваш и за конвенционалниот ризик и за тоа да градиш капацитети, мора да се подготвуваш и за новите сајбер, хибридни закани. Ние како држава мораме да си ја гарантираме и сопствената безбедност, но како членка на НАТО сме дел од таа колективна одбрана, користиме ресурси на други држави, но и ние треба да придонесуваме, појасни Шекеринска, која денеска заедно со амбасадорката на САД Кејт Брнз го посетија армискиот полигон „Криволак“ каде бea информирани за претстојните активности за реализација на вежбата „Одлучен удар – 21“.

Шекеринска потсети дека минатата недела го потпишавме Меморандумот за разбирање со НАТО околу помош на Северна Македонија во справување со сајбер предизвиците и им се заблагодари на САД што уште од 2018 година испраќаат тимови со кои ни помагаат да ги градиме овие капацитети.

– Ова не се капацитети кои се градат преку ноќ, ниту пак се градат лесно. Ќе ви кажам една информација дека  и НАТО постојано е во потрага по дополнителни ресурси особено човечки ресурси за да ги насочи кон овие прашања. Меѓутоа, во делот на справување со сајбер и хибридните закани  како релативно млада, мала држава со поскромни ресурси акцентот го ставаме да учиме од подобрите и затоа на овие теми соработувам и со САД, соработуваме и со ЕУ. Сега ја засилуваме и поддршката на НАТО. Тоа е предноста на членството во Сојуз, можеш да ги искористиш и да ги развиваш своите капацитети со помош на другите, рече министерката Шекеринска.

Амбасадорката Брнз истакна дека е навистина понекогаш и впечатливо кога знаете дека кога две земји се целосно различни по однос на нивната големина како САД и Северна Македонија што се членки на НАТО, како што рече, имаат многу слични безбедносни предизвици.

– Навистина сметам дека е многу добро тоа што сте дел од еден сојуз за заедно да се справуваме со ваквите предизвици. Минатата недела министерката беше дел од НАТО министерскиот состанок каде што имаше можност да разговара со секретарот за одбрана на САД во однос на справувањето со идните предизвици и исто така ми претставува задоволство што и денес дури работиме со справување на тие предизвици, изјави амбасадорката Брнз./МИА/

Next Post

Шекеринска: Жалам што на некои партиската значка им е поважна од државната

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk