ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Потпретседателот на Европската комисија: Имаше грешки во нарачките за вакцини во Брисел

March 14, 2021 14:38
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс призна дека Европската унија направила грешки во изготвувањето стратегијата за вакцинација против коронавирус за членките, јави агенцијата ДПА.

– Точно е дека имаше грешки во нарачките на вакцини во Брисел и во земјите-членки, рече Тимерманс во интервју за неделното издание на весникот „Тагесшпигел“.

– Подготвен сум на крајот од пандемијата да има преиспитување и тогаш можеме да видиме што погрешивме и што направивме добро, рече тој

Првото нешто што треба да се направи е да се обезбеди дека „сите Европејци ќе добијат вакцина“, рече Тимерманс.

Европскиот пристап „е во интерес на побогатите земји-членки“ како Германија, додаде во интервјуто претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Европската комисија нара; a вкупно најмалку 1,4 милијарди дози од четири вакцини одобрени во Унијата, што треба да биде повеќе од доволно за нејзините 450 милиони жители.

Но, таа е критикувана за колебливиот пристап и стратешките грешки при нарачка на вакцините.

Некои европски земји сметаат дека системот за дистрибуција на вакцини е неправеден.

Лидерите на пет членки на Европската унија вчера повикаа на разговори на високо ниво за фер дистрибуција на вакцините против коронавирусот, предупредувајќи дека сегашниот начин на работа на тој систем до летото може да создаде „големи разлики“ меѓу земјите членки.

Лидерите на Австрија, Бугарија, Летонија, Словенија и Чешка во писмо до функционери на ЕУ истакнаа дека сметаат оти сегашниот систем „може да продолжи да создава и продлабочува големи разлики меѓу земјите членки до ова лето, при што некои од нив ќе можат постигнат колективен имунитет за неколку недели, додека другите држави би можеле да заостанат далеку зад нив“.

Во писмото до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, функционерите на ЕУ се повикуваат „што е можно поскоро да одржат дебата за ова важно прашање“.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц вчера петокот рече дека вакцините не се делат пропорционално меѓу земјите-членки на ЕУ и оти се склучуваат дополнителни договори за снабдување со вакцини како резултат на нетранспарентни преговори меѓу лидерите на ЕУ.

Курц смета дека Холандија и Данска имаат пристап до значително повеќе дози вакцини по глава на жител отколку земјите како, на пример, Бугарија или Хрватска.

Петмина шефови на влади ја критикуваа досегашната практика на дистрибуција на вакцини бидејќи тоа е во спротивност со договорот на ЕУ за пропорционална распределба.

Европската комисија синоќа им одговори дека „земјите-членки на ЕУ сами побараа флексибилност и одлучија да отстапат од правилото вакцината да се дистрибуира според бројот на жители“, со што ја симна од себе одговорноста за нееднаквата дистрибуција на вакцините.

– Земјите-членки одлучија да отстапат од предлогот на Комисијата, со воведување на флексибилност што овозможува различна распределба на дозите, земајќи ја предвид епидемиолошката состојба и потребите за вакцини во секоја од нив, се вели во соопштението.

– Според овој систем, ако некоја земја одлучи да не го земе својот дел од дозите, тие потоа се дистрибуираат до заинтересираните членки, објасни Комисијата.

ЕК во соопштението додава дека останува на земјите-членки да се договорат ако сакаат да се вратат во системот за дистрибуција според бројот на население.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

Адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова: Обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната

May 9, 2025

Музеите лани ги посетиле 289 767 граѓани

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Папа Лео XIV Фото: Скриншот

    Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk