ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ССМ бара минималната плата да биде во висина од 60 проценти од просечната

March 15, 2021 14:41
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија  (ССМ) покажуваат дека согласно критериумите за усогласување на минималната плата во март годинава, таа би требало да се усогласи за 3,17 проценти. Но, од Синдикатот сметаат дека тоа не е доволно и бараат минималната плата да се зголеми во висина од 60 проценти од просечната плата и таа да не изнесува помалку од 16.976,00 денари. Дополнително, нагласуваат од ССМ, тоа би значело и спирално зголемување на останатите плати.

– Минималната нето плата сега изнесува 14.955,00 денари, зголемена е кога даночното ослободување во јануари се зголеми и минималната плата од 14.934,00 денари се зголеми за 21,00 ден. Со ова  усогласувањето во март 2021 година нето минималната плата ќе порасне нето за 446 денари (15.401), додека бруто минималната плата сега изнесува 21.776,00 денари. Со ова усогласување бруто минималната плата ќе порасне за 690 денари (22.466,00), велат од ССМ.

Оттаму додаваат дека просечната нето плата за декември 2020 изнесувала 28.294,00 денари, а минималната нето плата ќе изнесува 15.401,00 денари и со минималната плата ќе се покрива 54,43 проценти од просечната плата.

Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека ваквото покачување на минималната плата не е доволно со оглед на тоа што во изминатиот период, македонскиот работник само за лекување поради заболување или изолација од Ковид-19 имаше зголемен трошок за витамини и лекарства за најмалку 6.000 денари месечно, а тука се и зголемените цени на сите производи кои се неопходни за едно четиричлено семејство.

– Од овие причини, апелираме минималната плата да се зголеми во висина од 60 проценти од просечната плата и истата да не изнесува помалку од 16.976,00 денари. Дополнително потсетуваме дека зголемувањето на минималната плата треба да значи и спирално зголемување на останатите плати во сите сектори и дејности за сите работници, а потсетуваме дека не е законски работодавач да исплаќа плата само во висина на минималната плата на работник, доколку истиот има минат труд, работи во смени, работел прекувремено, работел во празник итн., велат од ССМ.

Од Синдикатот потсетуваат дека согласно законските решенија исплатената висина на минималната плата во бруто износ за претходната година се усогласува во март секоја година со една третина од порастот на просечно исплатената плата во земјата, една третина од порастот на индексот на трошоците на живот и една третина од реалниот пораст на бруто домашниот производ за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.

извор: МИА

Next Post

Судењето за „Ласкарци“ продолжува на 23 март, денеска беше испрашуван сопственикот на „Дурмо Турс“

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk