ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ФТ бара конструктивност и државничка одговорност од политичарите за брзо донесување на петтиот економски пакет

March 24, 2021 14:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Фајнанс тинк (ФТ) апелира до политичките чинители за поголема конструктивност и одговорност на опозицијата, но и за државничка одговорност и респонзивност на власта, со цел итно и неодложно да се изнајде компромисно решение со кое парламентарната блокада ќе биде отстранета и ќе се донесе петтиот пакет економски мерки за помош на стопанството и граѓаните за справување со последиците од коронакризата.

– Апелираме политичките чинители да заземат заемно-одговорен однос, со цел да не страда вкупната економија и живеачката на граѓаните, и блокадата да ја разрешат низ транспарентен дијалог во рамки на институциите, посочуваат од ФТ.

Во таа смисла, додаваат, задоцнетата реализација или нереализацијата на економските мерки за справување со последиците од коронакризата носи висок ризик од дополнително забавување на економската активност, што ќе се рефлектира врз остварување раст значајно понизок од проектираниот.

-Ваквата блокада носи и ризик спасувањето на работните места постигнато во 2020 година сега да биде изгубено, особено во секторите коишто се и понатаму критични: трговијата, транспортот, угостителството, забавата и рекреацијата, и личните услуги, порачуваат од ФТ.

На почетокот на март ФТ ја коригираше проекцијата за раст на економијата во 2021 година на 4,1 процент, со нагласени ризици за нејзино понатамошно влошување.

-Веќе во текот на март забележуваме материјализација на овие ризици, односно избувнувањето на третиот бран од коронавирусот Ковид-19, продолжената неизвесност околу пристигнувањето на вакцините и отпочнувањето на процесот на масовна имунизација. На овие два ризици, во моментот интензивно се наметнува политички ризик кој произлегува од блокадата на работата на Собранието со исклучителна важност и последици врз економијата и животот на граѓаните, велат од ФТ.

Нагласуваат дека помина повеќе од еден месец од објавувањето на петтиот пакет мерки и има целосна неизвесност околу неговото имплементирање.

-Клучната мерка во овој пакет останува финансиската помош на фирмите во износ од најмалку 14.500 денари по работно место. Според нашите проценки, во првиот бран (април-јуни 2020), оваа мерка спаси околу 60.000 работни места од вкупно 75.000 кои беа на раб да бидат изгубени. Дополнително, пакетот содржи мерки кои треба да обезбедат побрза транзиција од санирање на социјалните последици од кризата кон поддршка на развојот во процесот на закрепнување и поддршка на основите на растот, посочуваат од ФТ.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Џафери останува на ставот да се изгласа дневниот ред на 36. седница, па потоа приоритетните антикризни закони

НАЈНОВО

Почина славниот актер Роберт Редфорд

September 16, 2025
Фото: Фронтлајн

За шест месеци туристите во Албанија потрошиле 2,1 милијарди евра

September 16, 2025

Кина потврди дека е постигнат рамковен договор со САД за сопственоста над ТикТок

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk