ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Мицотакис побара ЕУ да почне преговори со Македонија и Албанија

Во интервјуто за Фајненшл Тајмс, објавено денеска, Мицотакис ја критикуваше одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон во октомври да го блокира одобрувањето датум за почеток на преговори.

December 3, 2019 13:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис побара ЕУ да отвори преговори за членство со Македонија и Албанија следната година, обвинувајќи ја Франција за блокирање на процесот.

Во интервјуто за Фајненшл Тајмс, објавено денеска, Мицотакис ја критикуваше одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон во октомври да го блокира одобрувањето датум за почеток на преговори.
– Се надевам дека оваа грешка ќе биде коригирана – посочи Мицотакис.
Додека беше во опозиција, Мицотакис го критикуваше Преспанскиот договор, со кој Северна Македонија се договори со Атина да го смени името во замена за отворање на патот кон членство во ЕУ и НАТО, потсетува весникот. Но тој вети дека откако ќе биде ратификуван, ќе го почитува Договорот и откако дојде на власт ги поддржува напорите на Скопје за почеток на преговори со ЕУ.
На прашањето на Фајненшл тајмс за руското влијание на Западен Балкан, Мицотакис вели: Бев загрижен, сум загрижен и ќе бидам загрижен. И поради тоа сметам дека одлуката на Европскиот совет мора да биде ревидирана во 2020 година.
Одлуката на Макрон да стави вето на натамошно проширување на ЕУ ги налути другите престолнини, меѓу кои и Германија, тврди Фајненшл тајмс.

 

Мицотакис го повика Макрон да гледа на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан како на геополитичка цел, како што тоа го правеа неговите претходници во Париз во промовирањето на пристапувањето на Грција пред четири децении.
– Ако гледаме на поширокиот геополитички контекст, многу е јасно дека треба да се одржи европскиот пат отворен за сите земји од Западен Балкан, под услов да ги исполнат барањата, бидејќи ова не е автоматски процес. Доколку погледнеме некои елементи од приказната за Грција, во 1979 година Грција (ги заврши преговорите) стана членка на Европската економска заедница, затоа што еден француски претседател, во тоа време, донесе храбра одлука, гледајќи го поширокиот геополитички контекст, дека Грција мораше да припаѓа на Европа за да се надмине траумата од хунтата.
– Дали беше Грција подготвена за членство во тој период? Кој знае. И секако, процесот се одвиваше многу поинаку во тоа време. Но беше геополитичка одлука и беше најважната одлука за иднината на земјата, ако се гледа во ретроспектива – изјави Мицотакис за Фаненшл тајмс.
Грчкиот премиер, исто така, ја критикуваше изјавата на Макрон дека НАТО е во состојба на мозочна смрт. Тој оцени дека иако одредени грижи на Макрон за Алијансата се валидни, сепак употребениот израз е контрапродуктивен.
– Понекогаш и јазикот што употребуваме е многу важен, па можно е да го донесе спротивниот резултат – рече Мицотакис.
Тој појасни дека едно е да се каже дека се потребни реформи во НАТО, но сосема друго е да се каже дека е во состојба на мозочна смрт.
Next Post

Радев: Заштитата на воздушниот простор на Северна Македонија е национален долг на Бугарија

Најново

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

Санчез за заканите од Пентагон: Шпанија останува во НАТО, подршка од Италија и Германија

April 25, 2026
Анаис. Илустрација Фронтлајн

Викенд хороскоп со Анаис: Експанзија на срцето под сјајот на Лавот (25-26 април 2026)

April 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk