ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дерала: Лицата со попречености да бидат дел од структурите за донесување одлуки

Лицата со попречености да бидат дел од структурите за донесување на одлуките, да бидат директори, раководителки, раководители, пратенички и пратеници, членови на Влада, членови на парламент.

December 3, 2019 16:25
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Лицата со попречености да бидат дел од структурите за донесување на одлуките, да бидат директори, раководителки, раководители, пратенички и пратеници, членови на Влада, членови на парламент. Да се крене рампата и да им се дадат еднакви можности во ова општество кое долго време гледаме дека се залага за изградба на едно општество за сите, побара денеска Џабир Дерала претседател на ЦИВИЛ на панелот под наслов „Рампа“, посветен на (не)прифатеноста на лицата со посебни потреби во општеството што се одржа во Скопје, пренесува МИА.

Дерала на денешниот панел по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост апелираше до политичките партии да одвојат дел од своите агенди и да поразговараат за тоа лицата со попречености да станат дел од нивните кандидатски листи.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов рече дека Градот изминатиов период бил многу активен во полето на социјалната заштита.

– Во рамките на редовните активности продолживме и ја унапредивме долгогодишната поддршка на Дневните центри кои работат со различна категорија на лица со попреченост како што се „Во мојот свет“, „Креатива Исток“, „Порака“ и уште неколку други. Продолживме и со бесплатниот јавен градски превоз и паркинг услуги за лица со попречености, како и со финансиската поддршка на патувања низ земјата за здруженија на лица со попречености, рече Шилегов.

Градот Скопје, како што посочи тој, за првпат ангажирал образовни асистенти за средношколците со посебни образовни потреби, како и обезбедил стипендии за средношколците со попречености. Речиси во сите средни училишта каде што имало можност обележале паркинг за лицата со попреченост. На лицата со аутистичен спектар на однесување им овозможиле бесплатно користење на јавниот градски превоз.

– Градот Скопје се приклучи на активностите на Министерството за труд и социјална политика во процесот на деинституционализација. Во таа насока го поддржува малиот групен дом во Скопје во кој се сместени лица од Заводот во Демир Капија. Преку Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори обезбедува 24-часовна грижа од негуватели за лицата сместени во домот. Обезбеди и помош и нега во домашни услови за лица со најтежок облик на интелектуална попреченост и комбинирани пречки од стручен тим составен од лекар специјалист по семејна медицина, медицинска сестра, физиотерапевт, социјален работник, психолог, дефектолог и негуватели, рече Шилегов.

Тој додаде дека во соработка со Црвениот Крст на Град Скопје оваа година ангажирале 12 помагатели да работат со 25 корисници од Скопје давајќи им ја негата и грижата која им е потребна. Финансиски го поддржале отворањето на Дневниот центар за Даунов синдром и обезбедиле персонални асистенти кои работат со корисниците во домот.

– Во завршна фаза од изработка е и инклузивно игралиште во Бутел, кое треба да биде завршено овие денови, а паралелно се работи на инклузивно игралиште и во Карпош. Во завршна фаза на административните процедури е и проектот за отворање сензорна соба во градинката „11 Октомври“ во Радишани, рече Шилегов.

На панел дискусијата учествуваа и Душан Томшиќ и Вангел Тркаљанов од Министерството за труд и социјална политика, Благица Димитровска од Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово и Сандра Пешевска Мицковска, активистка за правата на лицата со попречености.

Next Post

Ги мамеле на интернет, ги дрогирале, па ги силувале

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk