ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Арсовски-Хоџа: Со измените на Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта трајно се решава работниот однос на околу 3 илјади лица

April 14, 2021 15:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Портпаролите на Владата на Република Северна Македонија Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната редовна прес-конференција информираа за заклучоците и одлуките донесени на вчерашната 65-та седница на Владата и одговараа на прашања на новинарите.

Информирајќи за одлуките на вчерашната 65-та владина седница, портпаролите истакнаа дека на предлогот на Министерството за образование и наука, Владата вчера го утврди текстот на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработниците во основните и средните училишта.

Со ова се создава правна и економска сигурност на наставниците и стручните соработници преку засновање на работниот однос на неопределено време. Претходно наставниците и стручните соработници беа неколкупати вработувани на јавни огласи на определено време пред да ги исполнат условите за трансформација на работниот однос.

Преку оваа измена се подобруваат можностите за професионален и кариерен развој и се воведуваат нови можности за стручните соработници. Со предложените измени ќе им биде трансформиран работниот однос од определено на неопределено време на околу 3 илјади наставници во основните и во средните училишта.

На вчерашната седница е утврдена содржината на Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование од кој се очекува да се подобри квалитетот на учебниците во основното и средното. Се обезбедува транспарентност на постапките за набавка на учебници, се поставуваат механизми за контрола на содржината за да се спречи на влез на дискриминирачки содржини. Се обезбедува дигитализација и пристапот на учебници за лицата со оштетен вид.

Од прво до трето одделение учениците ќе користат учебници во печатена форма, а од четврто до деветто одделение во основното образование, како и учениците во сите години од средното образование ќе користат учебници во дигитална форма и наставен и дидактички материјал во електронска форма.

Портпаролите информираа дека Владата на вчерашната седница ја донесе Одлуката за начинот на користење на средства за репрезентација во Министерствата и другите органи на државната управа со која за прв пат се ограничуваат трошоците за угостителски услуги во државата при одржување работни состаноци. Точно е определен износот кој може да се користи по лице присутно на состанокот, а ограничувањето на износот е во зависност од функцијата на лицето коешто го организира состанокот.

Во одлуката е предвидено дека во случај на непочитување на одредбите на оваа одлука против раководителите опфатени со неа може да се применуваат една од утврдените мерки во член 23 од Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.

Исто така информираа дека на седницата е усвоена информацијата на Министерството за животна средина и просторно планирање за подготвено решение за одобрување на планот за ремедијација на локацијата на „ОХИС“ со планот за конечна деконтаминација на линданот во кругот на фабриката.

На вчерашната седница Владата ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита со кои се уредува и начин на вршење на здравствена дејност од страна на приватните здравствени установи при постоење на кризна состојба – епидемија или пандемија. Истовремено ѝ се овозможува законско овластување да определува највисоки цени во приватните болници во висина на референтните цени утврдени од страна на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Со предложените законски измени е предвидено и користење на ресурсите на приватните болници доколку условите го наложуваат тоа согласно состојбата предизвикана од пандемијата со  КОВИД-19.

Владата ја утврди Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, со која се предлага на Собранието на Република Северна Македонија да одобри продолжување на рокот за постоење на кризна состојба до 31 декември 2021 година.

Воедно Владата   донесе Одлуката за одобрување на околу 3 милиони евра од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година од програмите за ковид мерките за спортските федерации на кои им е издаден ваучер согласно Законот за спорт, со што се создаваат услови за непречено спроведување на нивните активности и во овие вонредни услови заради пандемијата со КОВИД-19. Средствата наменети за спортските федерации се дел од мерките на Владата за постојана поддршка на спортот и спортските работници.

На новинарско прашање за повлекувањето од функцијата на секретарот за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Влада Драги Рашковски, портпаролот Арсовски соопшти дека станува збор за негова лична одлука и дека премиерот Зоран Заев ја прифати оставката на Рашковски.

Во однос на објавениот список на хонорарно ангажираните лица во Владата, портпаролот Арсовски истакна дека имињата на сите овие лица беа објавени низ транспарентна постапка, како стандард што досега го немало во Северна Македонија и посочи дека точно се знае ангажманот на овие лица, при што нивните ангажмани се строго професионални и се реализираат во целост.
Тој истакна дека квалитетот на извршувањето на задолженијата го оценува Владата, а делата, трудовите и анализите кои се подготвени од соработниците непречено ги користат службите во Владата и институциите при реализацијата на различни проекти од интерес на граѓаните.

Next Post

„МГ Фешн“: Руинираниот простор во центарот на Скопје, сакаме да го претвориме во нов зелен, урбан и модерен комплекс

Shortcut

Најново

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk