ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дебата: ССА е и останува единствен правен документ што го регулира нашиот однос со ЕУ до полноправното членство

April 28, 2021 13:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите сме свесни колку бурно се одвива целиот процес на пристапување кон ЕУ во изминатите две децении, мислам дека немаме луксуз да ја потценуваме ССА, таа ќе остане единствен правен документ што го регулира нашиот однос со ЕУ и ќе се спроведува се до нашето полноправно членство. Се додека ја спроведуваме доследно ССА ќе имаме добра реформска кондиција, паралелно со тоа се разбира треба да вложуваме напори да ги почнеме пристапните преговори. Кога ја парафиравме исто така имавме португласко претседателство, се надевам дека ќе имаме пак некаков успех со напите пријатели од Лисабон.

Ова го истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на виртуелната конференција организирана од Институтот за европска политика (ЕПИ)– Скопје „Договор за стабилизација и асоцијација МК-ЕУ: Дваесет години и понатаму“ за одбележување на 20 – годишнината од потпишувањето на ССА и 10 – годишнината од одржувањето на првиот настан на ЕПИ. Тој посочи дека има амбивалентен однос на овој јубилеј 20 години од ССА, бидејќи вели од една страна не потсетува дека постигнавме многу, но од друга страна и на изгубеното време, генерации, бидејќи бевме први што го потпишавме, но уште не ги започнавме пристапните преговори. Токму поради изгубеното време, но и постигнатиот напредок во изминатите години и лидерството во решавање на билатерални прашања, рече Димитров, не прави тест колку ЕУ е сериозна и колку регинот може да верува на Брисел.

 -Минатата година почнавме добро, имаме нова методологија која овозможи безусловно зелено светло но не заврши добро…Мислам дека статус квото не е добро, ниту за Балканот, ниту за ЕУ. Оваа пролиферација на нон-пејпери, што се предмет на јавна дебата во нашиот регион во последните неколку недели се само резултат на бледнеењето на европската идеја во регионот. Во регион кој што е опкружен географски со земји членки со ЕК која има амбиција да биде геополитичка, ако некаде таа геополитичка комисија може да покаже резултат тоа сигурно е овој регион каде има ветување уште од Солун за европската перспектива. Тогаш како ќе очекуваме ЕУ да биде глобална сила и фактор во други региони со различни географии. Во таа смисла мислам дека сите ние на Балканот и сите земји членки и институциите во Брисел, односно ЕУ имаме една многу важна мисија да инвестираме и да ја вратиме, да ја ревитализираме европската перспектива на Блакнот што не може да се направи ако нема исчекор во македонскиот случај, бидејќи е исклучително драстичен, нагласи Димитров осврнувајќи се на пристапниот процес.

Тој посочи дека или ќе имаме европски регион што овозможува обединет Балкан  каде границите нема да бидат посебно важни или конкурентната визија ќе се јавува и одредни политичари и политики ќе ја користат со визии за создавање на големи или поголеми држави, кои следат етнички линии. Во 21 век на нашиот континет единствената одржлива долгорочна визија е, вели, европската на Блаканот.

Земјава има грешки, вели, далеку сме од совршени, но има области каде сме добри и посочи на денешниот извештај на Фридм хаус кој не става, како што рече, во едно многу мало друштво на држави кое има напредок во перформансот на македонската демократија,.

-Ако целта на пристапниот процес е демократска трансформација, меѓу другото, ЕУ не смее да го игнорира. Каква порака ќе пратат кон другите земји во регион кој е тешко обременет со спорови и тешки прашања, ако не се одржи ветувањето и најавите во Преспанскиот договор дека тој ќе ги отклули вратите на чекалната на пристапниот процес. Во таа смисла годинава влогот е огромен и за нас, и за регионот и за ЕУ и јас сум уверен дека со една визионерска политика ќе се најдеме и со нашите соседи, бидејќи нема други земји членки кои што би требало да имаат поголем интерес од видлив напредок, ичекори кон една европска С Македонија, пријателска предвидлива земја која ќе има политики на линија на ЕУ во сите области, порача Димитров.

Тој меѓу другото истакна земјата има усвоено една третина и над тоа од европското acquis, а Спогодбата која ги дефинира и финансиските релации со ЕУ и преку фондовите на Унијата во последните два финансиски циклуси 2007-2013 и 2014-2020, Унијата кај нас алоцираше преку 1,25 милијарди евра финансиската помош.

Заменик-раководителката на единицата за Северна Македонија во ЕК, Мари Тереса Моран истакна дека ССА во поширок контекст овозможи финансиска и техничка помош, асиметрични мерки на трговија кои С Македонија прва ги искористи, како прв потписник на Спогодбата и е прв партнер за кој препорачале да стане кандидат пред 16 години, поради што ја споделува нашата фрустрација. Но нагласи очекува скора деблокада на пристапниот процес, а високото ниво на усогласеност со ЕУ-законодавството ќе овозможи земјата брзо да се движи низ процесот. Што се однесува до економската интеграција на ЗБ во заедничкиот пазар на ЕУ,  ССА е, нагласи таа, главен дел во оваа врска, веќе донесе придобивки и ќе продолжи да го прави тоа наредните години во подготовка за членството. Главните придобивки се во трговијата и пред ковидот билатералната соработка ЕУ-МКД била 10,5 милијарди евра, односно 70 отсто од нашата меѓународна трговија, а 95,6 отсто од нашите приизводи влегуваат на ЕУ пазарот без царински стапки.

-Високата политика има соодветно внимание на владеењето на правото и сите тие области, но на прашањата за внатрешниот пазар, оданочувањето, енергијата, статистика, заштита на потрошувачи,,, сите тие прашања се во сржта на заедничкиот пазар и на ЕУ на која сакате да се придружите. Патот напред е со спроведување на реформите и обврските дадени во Спогодбата и променливи правила на ЕУ за ССА. ССА е патоказ за примена на заедничкото законодавство и за вашиот пат, рече Моран.

Драган Тилев државен советник во СЕП истакна дека значењето на ССА во трансформацијата и подготовката на земјата за членство во ЕУ е толку важна, што смета дека не секогаш го добила кредитот кој што го заслужува, како да стои во сенка. Она што не го постигнавме со ССА, а беше во духот на самата Спогодба е, вели, што не станавме членка на ЕУ, а целта беше во првите пет години стабилизација, во вторите пет години забрзана интеграција  со извесна можност за членство заради еволутивната клаузула која велеше дека земјата која ќе ги исполни условите има право да стане членка.

-Логиката тогаш беше за 10 години, и ЕУ и ние би требало да сме спремни за да бидеме членка на ЕУ. Не постигнавме целосно усогласување со акито на ЕУ, бидејќи во самата спогодба стои максимум 10 години асоцијација – првите пет за елементите поврзани со внатрешниот пазар, а во втората фаза во сите други сегменти. Значи од прилика 10 години беше таа рамка. Но, тука сме кај сме, постигнавме што постигнавме и тоа не е малку, според мене максимумот што можеше да се постигне во овие околности во земјава, во регионот и во ЕУ. Имаме нов импулс нова методологија, имаме можност за пристапни преговори и за ревизија на структурите за координација на пристапни преговори кои треба да обезбедат забрзување на процесот, вели Тилев кој веќе 20 години е вклучен во евроинтеграциските процеси уште од преговорите за ССА.

Малинка Ристовска Јорданова од ЕПИ, истакна дека не случајно била дилемата дали во Спогодбата прво да се наведе стабилизација или асоцијација, за што ЕУ инсистирала на комплементарност на двата процеса.

-Жалам што денес толку години по покренувањето на процесот се појавуваат идеи дека не бил завршен процесот на распѓање на бивша Југославија, односно дека е потребно прекројување на границите кое што малку прелесно се премолчува, особвено од страна на ЕУ, затоа што ние во регионот знаеме колку се тие опасни. Токму целта на овој круг на догвори за асоцијација беше таа стабилизација која не би требало да се дозволи да биде поставена во прашање на каков било начин, рече Ристовска Јорданова.

извор: МИА

Next Post

Шекеринска на видео врска со медицинскиот тим во Авганистан: Вашата мисија е прв чекор во изградба на медицински НАТО капацитети на Северна Македонија

НАЈНОВО

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025
Скриншот

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот

Ердоган: Турција влезе во нова фаза од напорите за прекин на насилството на курдските милитанти

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk